Британскиот Парламент ги отфрли сите осум алтернативни предлози за брегзитот
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Британските пратеници гласаа синоќа за осумте можности за брегзитот, но ниту една од нив не ја доби поддршката на парламентарното мнозинство, со што би се се трасирал патот на Велика Британија во процесот на напуштање на Европската Унија.
bregzit big benГласајќи за опциите, Парламентот се обидува да најде алтернатива на договор за брегизтот што го постигна премиерката Тереза Меј со Брисел. Договорот досега беше одбиен двапати од страна на Парламентот со убедливо мнозинство.
Меѓу предлозите што беа разгледувани се повиците да се излезе од ЕУ, без договор за разидување, да се остане во единствена трговска и царинска унија со ЕУ, да се стави каков било договор за заминување на референдум или да се откаже брегзитот ако стане извесно дека тоа ќе значи разидување без договор, пренесува АП.
Најголема поддршка доби предлогот Велика Британија да остане во трајна царинска унија со ЕУ по брегзитот за кој гласаа 264 пратеници, а против беа 272. Со тесно мнозинство е отфрлен предлогот да се одржи референдум за брегзит. Излезот од ЕУ на 12 април без договор беше одбиен со убедливо мнозинство, од 160 наспроти 400.
За откажување од брегзитот, во случај ако не биде постигнат договор, гласаа 184 пратеници, а против беа 293. Британските пратеници планираат да ја намалат листата на опции и повторно да гласаат в понеделник. Парламентот на Велика Британија со големо мнозинство гласаше за одложување на брегзит до 12 април и 22 мај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×