Британскиот парламент по третпат го одби договорот за Брегзит, најлошата опција се поверојатна
Објавено на од во Политика
Британскиот парламент трет пат по ред го одби договорот за Брегзит кој премиерката Тереза Меј го преговараше со Европската Унија (ЕУ) речиси две години. На денешното гласање 344 гласаа “против”, а 286 гласаа”за”.
Bregzit 1
“Ова е последна шанса која го гарантира Брегзит”, изјави премиерката меј пред гласањетои изрази лично жалење заради фактот што Британија денеска не излегува од ЕУ, како што беше првично договорено.
Меј изрази големо разочарување од исходот од гласањето потецирајќи дека тоа ќе има сериозни последици и дека согласно важечките закони Британија би морала да ја напушти ЕУ на 12 април. Тоа значи дека нема доволно време за донесување на закони со кои би се избегнало излегување на Британија од ЕУ без договор.
По гласањето во Лондон, Ројтерс ја пренесе и изјавата на Европската комисија во која се наведува дека е можно сценариото за излез на Велика Британија од ЕУ без договор, што би можело да предизвика хаос.

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија ја повика Меј да поднесе оставка и да распише вонредни избори.

Меј сега има рок до 12 април да бара продлжување на преговорите како би се избегнало Британија да излезе на 12 април без договор.

Бидејќи повеќето пратеници не ја подржуваat опцијата за излез од ЕУ без договор, а новите гласања се на дневен ред во понеделник, Меј порачува дека Британија мора да најде алтернативни начини за да продолжи напред.

Денешниот исход на гласањето исто така значи дека Велика Британија ќе биде вклучена во изборите за Европскиот парламент кој се одржуваат во мај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×