Британскиот парламент по вторпат кажа НЕ за договорот за Брегзит
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Британскиот парламент вечерва повторно го отфрли договорот за брегзит, кој премиерката Тереза Меј го склучи со Европската Унија.
bregzitПротив договорот со условите за излез на Велика Британија од Унијата гласаа 391 пратеник, а „за“ 242, пренесе Би-би-си.
Кога парламентот за првпат гласаше на 15 јануари, 432 пратеници гласаа „против“, а „за“ беа 202.
Резултатот од денешното гласање значи дека британските пратеници утре решаваат дали Британија без договор ќе ја напушти ЕУ на 29 март.
Доколку парламентот утре ја отфрли и опцијата за излез без договор, на гласање в четврток ќе се одлучува дали од ЕУ да се бара одложување на брегзитот за максимум три месеци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×