Британскиот телекомункациски џин БТ, за 19 милијарди долари го купува мобилниот оператор ЕЕ
Објавено на од во Компании

БТ, британскиот телекомуникациски гигант, го купува најголемиот мобилен оператор во Обединетото Кралство, ЕЕ (Everything Everywhere) за 19 милијари долари (12,5 милијарди фунти). Со зделката БТ ги добива над 30-те милиони корисници на ЕЕ, и најголемата 4G база меѓу операторите во Европа.

Гигантот намера да се врати на мобилниот пазар покажа во 2013 година, кога објави тендер за формирање 4G партнерство со некој од домашните мобилни оператори (втор најголем, по ЕЕ, е О2). ЕЕ беше попримамливата опција зашто овој оператор во последното финансиско тромесечие ја зголеми својата 4G корисничка база за 2 милиони, што значеше скок од 5,7 на 7,7 милиони корисници. Како резултат на денешната зделка, БТ ќе ја додаде најголемата 4G мрежа во земјата, на широкопојасниот интернет, фиксната телефонија и ТВ-услугите што ги нуди.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×