Британско – македонскиот стартап Cognism доби инвестиција вредна половина милион долари
Објавено на од во hi-tech & business
Софтверската компанија Netcetera, инвестицискиот фонд  SCV и уште неколку меѓународни ко-инвеститори вложија во компанијата што развива технологија за автоматизација на продажниот процес со помош на вештачка интелигенција
Cognism

Тимот на Cognism сликан во Скопје

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Стартапот со канцеларии во Лондон и Скопје, Cognism, доби инвестиција од 500 илјади долари за развој на своето технолошко решение што ќе им помогне на компаниите да продаваат на поефикасен начин и со поголема заштита на приватноста да ги таргетираат потенцијалните купувачи. Во инвестицијата учествуваат  софтверската компанија Netcetera со седиште во Швајцарија, која што има претставништво и во Скопје, регионалниот инвестициски фонд  South Central Ventures – SCV, како и уште неколку други меѓународни институционални инвеститори и бизнис ангели, меѓу кои кинескиот фонд Tsingbay Venture Capital, Том Џејмс, Џејмс Ходсон, Усман Кан и др.

Cognism развива софтверско решение што поседува уникатен механизам за подобрување на процесот на продажба на сите оние бизниси што имаат што да понудат на пазарот и се соочуваат со предизвикот за привлекување потенцијални купувачи. Софтверот помага да се усоврши CRM – менаџментот на односите со клиентите и користејќи вештачка интелигенција да се идентификуваат потрошувачките навики и трендови.

“Среќни сме што ќе му помогнеме на Cognism да ги усоврши своите автоматизирани алгоритми базирани на вештачка интелигенција што ќе помогнат на продажните тимови на многу компании да дојдат до повеќе потенцијални купувачи, на многу поефикасен начин“, вели Татјана Забасу, партнер во Soutn Central Ventures фондот, кој што има канцеларии и во Скопје.

Генерирање на т.н. “лидови“ (leads), што значи иницирање интерес кај потенцијален купувач, што подразбира пред се’ обезбедување на негови контакт информации. Обезбедувањето на овие податоци, нивната обработка и на крајот, процесот на обраќање кон тие потенцијални купувачи бара време, напор и пари.

“Многу  повеќе ресурси се трошат во овие фази од процесот на продажба, одошто на самото склучување зделки. Заштитата на личните податоци и останатите правни ограничувања во доменот на таргетирање купувачи стануваат сe’ поголем предизвик секој ден и тоа им ја отежнува работата на продажните тимови, односно нивното поврзување со потрошувачите. Затоа, многу компании, особено оние со ограничени ресурси, почнуваат да користат  автоматизирани софтверски решенија за забрзување на процесот на продажба, односно самото таргетирање на потенцијални купувачи“, објаснуваат во Cognism.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×