Британците сакаат трета писта на Хитроу, но Истанбул им ги расипува сметките
Објавено на од во Економија
 Крај Истанбул се гради нов аеродром со шест писти и капацитет од 150 милиони патници годишно, кој што ќе биде најголем во светот, а нови аеродроми се градат и во Мексико и Кина. Во меѓувреме, азиските и блискоисточните  авиопревозници го преземаат приматот од европските и американските компании.
Wake Turbulence

 

Британците планираат изградба на трета писта на аеродромот Хитроу крај Лондон, за да ги зголемат постоечките капацитети, но изградбата на два пати поголем аеродром во близината на Истанбул им ги расипува плановите. Хитроу, некогаш најпрометниот аеродром на светот, пополека заостанува зад другите големи европски аеродроми, а главната причина се долгите редици и каснењето на летовите заради ограничениот капацитет. Затоа владата на Дејвид Камерон инсистира на проширување на Хитроу затоа што смета дека на тој начин ќе обезбеди дополнителни 150 милијарди фунти за британската економија и 70 илјади нови работни места.

6 писти ќе има  и 150 милиони патници годишно ќе опслужува новиот аеродром крај Истанбул

И додека Британците се’ уште расправаат околу најдоброто решение за Хитроу, останатите делови од светот веќе во полн ек градат огромни аеродроми. На брегот од Црното море, на околу 35 километри од Истанбул, армија од градежни работници работи на изградбата на еден од најголемите светски аеродроми. Турската влада го најави проектот пред две години, а аеродромот треба да биде отворен во 2018 година. Ќе може да се пофали со шест писти и 150 милиони патници годишно кои ќе може да патуваат на 350 различни дестинации.  Покрај овој, се градат нови аеродроми и во Мексико сити и Пекинг. Според процените на европскиот производител на авиони Ербас, воздушниот промет би требало да се зголеми двојно во следните 15 години.

Во 1993 г. 73% од воздушниот промет држеле европски и американски компании, а во 2033 година 65% од овој бизнис ќе држат блискоисточни и азиски авиопревозници

Освен тоа, во блиска иднина ќе дојде до прераспределба на воздушниот промет помеѓу Западот и Истокот, велат прогнозите. Повеќе од 73% од воздушниот сообраќај во 1993 година бил во рацете на европски и американски компании, додека до 2033 година таа бројка ќе се намали за 38 процентни поени. Азиските и блискоисточните компании тогаш ќе држат повеќето од воздушниот промет. Уште во 2008 година тогашниот шеф на Бритиш Ервејз, Вили Волш, предупреди дека Дубаи ќе го заобиколи европскиот јазол и така ќе створи директна врска помеѓу Азија и Северна Америка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×