British Steel на работ на колапс, 25 000 работни места под закана
Објавено на од во Економија
Владата беше повикана во Парламентот овој ручек да одговори на прашањата за иднината на Британскиот челик , откако бизнисот се тетерави на работ на колапс, објави Ројтерс.
celik rolniМинистерот за челик (во сенка), Гил Фурнис, побара итно подигање на прашањето за состојбата на бизнисот со челик, кој останува заклучен во разговорите меѓу министрите и официјалните претставници од Одделот за бизнис, за инјектирање на дополнителни средствата од даночните обврзници за да се оддржи бизнисот во живот.
Вториот по големина производител на челик во Велика Британија, British Steel, со повеќе од 4.000 вработени минатата недела бараше заем од 75 милиони американски долари за да помогне да се надминат проблемите поврзани со Брегзит.
British Steel e vо сопственост на инвестициска фирма Грејбал Капитал, и вработува околу 5.000 луѓе, претежно во Скантхорп, на север од Англија, додека 20.000 повеќе зависат од синџирот на снабдување.
“Грејбул”,  фирма специјализирана за за менаџирање на бизниси во криза, на поранешните сопственици,  “Тата steel”, им плати една номинална фунта во 2016 година за компанијата во загуба што потоа ја преименуваа во “British Steel“.
British Steel побара од британската влада за заем од 75 милиони фунти, но оттогаш ја намали побаруваната сума на 30 милиони фунти откако Грејбул се согласи да инвестира повеќе пари, според извор на Ројтерс, за кој агенцијата вели дека е близок до преговорите.
Грејбул бил, исто така, сопственик на „Монарх“, авиокомпанија која пропадна во октомври 2017 година

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×