Брнабиќ: Немам ништо против слики од Вучиќ да се постават во државните институции
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, не гледа никаков проблем во тоа фотографии на претседателот на државата, Александар Вучиќ, да бидат поставени во државните институции, бидејќи, како што наведува таа, треба да се засилува култот на националните симболи на Србија.

„Немам ништо против сликите на Вучиќ да се постават во државни установи“, изјави Брнабиќ пред новинари.

Министерот за образование, за наука и за технолошки развој, Младен Шарчевиќ, изјави дека и нему тоа му е нормално, наведувајќи оти во времето кога служел во армија, биле истакнати слики на Тито.

Министерот за одбрана, Александар Вулин, на прашањето дали е точно дека наредил во Министерството и во армиските објекти да се постават слики на претседателот на државата, рече оти тука „нема никакви тајни“ и дека се во тек „интерни процедури“ по кои ќе се изјасни дали е можно тоа да се направи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×