Бројката странци кои живеат во Германија стигна до рекорден врв
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Рекорден број странци живеат во Германија, објави Федералната статистичка канцеларија. Причината е приливот на луѓе кои бараат азил, и на мигранти од други држави во Европската унија.

Од сите 82 милиони луѓе што живеат во Германија, приближно еден на секои осум (или вкупно 10,6 милиони регистрирани во 2017 година) е странец, изјавија од канцеларијата. Само лани растот бил околу 600.000 нови странци. Од нив 439.000 се граѓани на држави членки на ЕУ.

Над 1,6 милиони баратели на азил влегле во Германија од 2014 година досега.

Но, од статистичката канцеларија објаснуваат дека зголемувањето на бројот на странците кои живеат во Германија се должи главно на приливот на луѓе од други држави во ЕУ, особено од источните членки кои влегоа во Унијата по 2004.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×