Бруто надворешниот долг на крајот на 2018 година намален за 489 милиони евра
Објавено на од во Економија

Бруто надворешниот долг на крајот на 2018 година се намали за 489 милиони евра и изнесува 7.908 милиони евра или 73,7% од БДП, објави Народната банка.

img-432551„На крајот на 2018 година бруто надворешниот долг изнесува 7.908 милиони евра и забележа квартално намалување од 489 милиони евра, додека бруто надворешните побарувања се намалија за 227 милиони евра и изнесуваат 5.260 милиони евра. Поголемото квартално намалување на обврските во однос на побарувањата доведе до намалување на нето надворешниот долг за 263 милиони евра, со што на крајот на четвртиот квартал од 2018 година тој се сведе на 2.647 милиони евра. Притоа, намалувањето на нето надворешниот долг во четвртиот квартал произлегува од намалувањето на приватниот и на јавниот нето-долг за 139 милиони евра и 124 милиони евра“, соодветно, наведуваат од Народната банка.

Според објавеното негативната нето меѓународна инвестициска позиција, на крајот на 2018 година, изнесува 5.946 милиони евра или 55,4% од БДП за 2018 година. Најголемиот дел повеќе од 86% од овој износ се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, од кои 74% се врз основа на сопственички капитал.

Народната банка наведува дека во февруари продолжи трендот на просечната каматна стапка на вкупните кредити и таа се сведе на 5,28%, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од јануари и изнесува 1,42%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×