Бучковски: За Македонија нема поголем сојузник од Бугарија на патот кон НАТО и ЕУ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Западниот Балкан е на крстопат – или ќе бидеме или нема да нѐ има“, ова го изјавил поранешниот македонски премиер Владо Бучковски, поранешен македонски премиер во емисија на Блумберг ТВ Бугарија. Според неговите зборови, конференцијата „Европската унија – Западен Балкан“, може да го врати Западен Балкан на дневниот ред на Европската унија.

Национализмот на Балканот е жив и може да биде уништен само преку европеизација на Балканскиот полуостров, изјави Бучковски.

Според мене, Бугарија направи многу и тоа мораме да го признаеме. Лавовски храбро се бореше за Западен Балкан, а особено за Македонија вашиот премиер Борисов. Навистина лавовски, и искрено велам дека ги натера и останатите лидери на Европската унија да го преиспитаат значењето на Западниот Балкан и да ги разгледаат шансите овие земји да станат членки на Европската унија до 2025 година“.

Долги години по приемот на Бугарија и Романија во Европската унија имаше спорови меѓу политичарите од старите земји членки дали се избрзало со приемот. Следеше приемот на Хрватска, што ги влоши граничните проблеми. Хрватска има проблеми со Унгарија. Потоа почна скептицизмот кон проширувањето, рече Бучковски. Според неговите зборови, тоа се покажало погубно за модерните европски политичари на Западен Балкан. „Се врати национализмот, се врати шовинизмот. Се вратија дилемите дали има алтернативи, ако не нѐ сака Европската унија дали да не затропаме на вратата на Москва“.

Затоа ќе биде многу важно какви ќе бидат пораките од оваа средба и тие треба да бидат конкретни и насочени кон Западен Балкан, а не само декларативни. Добро ќе биде да има конкретни проекти, за да види обичниот граѓанин на земјите од Западен Балкан дека Европската унија инвестира во овие земји и дека кога ќе станат членки на ЕУ нема да се зборува само за хармонизација на законодавството, а дека ќе помогне инфраструктурни проекти, за движењето на младите луѓе, за дигитализацијата, за да се приближиме до другите земји во ЕУ“.

За Македонија нема поголем сојузник од Бугарија во овој момент на патот кон Европската унија и НАТО, истакна Бучковски. „И мило ми е што мнозинството Македонци го препознаваат тоа. Договорот што беше потпишан минатата година отвори вистинска нова страница во нашето пријателство и поддршката“.

Огромна помош која Бугарија може да ја даде на Македонија е да помогне во решавањето на споровите меѓу Србија и Косово, бидејќи без да се надмине оваа пречка и Србија не може да биде членка на ЕУ, додаде поранешниот македонски премиер. „Мораме да признаеме дека не може на Балканот само најмалата држава – Црна Гора – да биде сигурна за членството во ЕУ. Природно е, и Македонија и Србија до 2025 година да станат членки на Европската унија, а потоа е блиску Албанија, а потоа сите заедно да им помогнат на Косово и Босна и Херцеговина да влезат во ЕУ“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×