Буџетот се прекројува според најоптимистичкото сценарио
Објавено на од во COVER STORY

rebalans budzet 1Ребалансот на Буџетот ќе ги скрати приходите, но не и расходите

Според информациите од Министерството за финансии, ребалансот на Буџетот се прави според најоптимистичкото сценарио со што е избегнато стравувањето дека приходите во државната каса може да се намалат и до 40%. Министерката за финансии, Нина Ангеловска, вели дека прекројувањето на планот за трошење на народните пари годинава е на иста линија со процените на ММФ, според кои, вкупните приходи годинава ќе изнесуваат 3,08 милијарди евра, што е 14,8% помалку од првичниот план, вкупните расходи се планира да бидат околу 3,8 милијарди евра што е намалување за околу 100 милиони евра, додека пак разликата, односно буџетскиот дефицит ќе се искачи на 6,5% од БДП, односно 727 милиони евра. Во делот на трошењето, направена е прераспределба на некои пари, но не се скратени платите на јавниот сектор.

 

Ребалансот на Буџетот се прави според најоптимистичкото сценарио со што е избегнато стравувањето дека приходите во државната каса може да се намалат и до 40%. Министерката за финансии, Нина Ангеловска, вели дека прекројувањето на планот за трошење на народните пари годинава е на иста линија со процените на ММФ, според кои, вкупните приходи годинава ќе изнесуваат 3,08 милијарди евра, што е 14,8% помалку од првичниот план, вкупните расходи се планира да бидат околу 3,8 милијарди евра што е намалување за околу 100 милиони евра, додека пак разликата, односно буџетскиот дефицит ќе се искачи на 6,5% од БДП, односно 727 милиони евра. Во делот на трошењето, направена е прераспределба на некои пари, но не се скратени платите на јавниот сектор иако во неколку наврати претставници на власта најавуваа потези во спротивна насока.
Делот што ќе недостига во Буџетот, ќе се финансира со задолжување. Освен еврообврзницата што веќе е во процедура и засега се знае дека ќе биде на сума поголема од половина милијарда евра, државата може да смета на финансиска помош од околу 726 милиони евра и од меѓународни институции, сума што целосно може да го покрие буџетскиот дефицит годинава кој што според процените на ММФ ќе изнесува токму толку.
Досега потврда за финансиска поддршка стигна од неколку извори. Најпрво, ММФ ни одобри заем од 176,5 милиони евра, што е двојно повеќе од првично бараниот износ, односно тоа е максималната квота што може да ја добие земјава. Потоа и Светска банка најави дека разгледува програми за финансирање на земјата во вредност од околу 140 милиони евра. И Европската Комисија потврди дека одобрува 160 милиони евра за макро – финансиска стабилност на земјата, а Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) уште 250 милиони евра како дел од Пакетот за солидарност.
Освен ребалансот на Буџетот кој што ќе се усвојува од страна на Владата со уредба со сила на закон бидејќи парламентот е распуштен, се разгледува и третиот пакет на антикризни мерки.
Министерката за финансии, Ангеловска, вели дека новиот сет на мерки се во насока да понудат стимулирање на приватната потрошувачка со акцент на домашната економија, домашната понуда, домашните компании. На тој начин преку финансиска cover-2поддршка на граѓаните, ќе се поддржи и македонското производство, посочи Ангеловска.
„Мерките се така таргетирани со цел да го амортизираат економскиот удар, да понудат стимулирање на приватната потрошувачка со акцент на домашната економија. Зборуваме за домашни производи и услуги, мораме да имаме предвид дека меѓу погодените сектори се и голем дел од услужните сектори. Ако ја погледнете нашата структура на бруто домашен производ, околу 65% придонесува приватната потрошувачка. Зборуваме за мерки во период на ревитализирање на економијата, при повторно отворање на бизнисите, односно во момент кога се отвора малопродажба, се отвораат молови“, вели Ангеловска.
Таа објаснува дека стимулирањето на домашната потрошувачка ќе биде таргетирано.
„Да се помогне на најпогодените, на оние на кои им е најпотребно, на ранливите групи, работниците со мали примања. Зборуваме за сет на мерки од една страна насочени кон групи граѓани, од друга страна насочени кон одредени сектори, сегменти и индустрии. Се работи за мерки кои на краток рок треба да дадат резултат во економијата за да ние можеме да зборуваме за најмал економски пад споредено со регионот, каков што ни се проектира. Мораме да имаме предвид дека падот на економијата и начинот на кој се справуваме ќе зависи многу од мерките кои ги преземаме“, истакна Ангеловска и додаде дека мерките од првиот и вториот сет направиле одредена амортизација и биле пофалени и од Европската комисија и од Меѓународниот монетарен фонд.
Cover-3Голем пад на производството и извозот
Мерките за поддршка на реалниот сектор доаѓаат откако статистиката веќе ги сумираше податоците за март и април.
Според сите процени, најсилен удар од пандемијата ќе се отслика во статистиката за април, кога всушност рестрикциите за движење беа најригорозни. Засега, Агенцијата за вработување објави дека само во април, бројот на невработени се зголемил за 6.737 луѓе, а претходно во март се пријавиле 1.564 невработени, со што вкупната бројка за овие два месеца изнесува 8.301.
Претходно статистиката на Google забележа намалување на движењето на граѓаните до работните места за 82% што исто така беше сигнал дека голем дел од граѓаните ги загубиле своите работни места. А дека луѓето се соочуваат со голем предизвик како да се преживее оваа криза покажува и податокот дека дури две третини од граѓаните прифатиле одложување на ратите за кредитите, мерка што банките им ја понудија како помош во време на пандемија.
Кризата е очигледна и во реалниот сектор. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во март паднало за 13,4% споредено со истиот период лани, но се очекува овој пад да биде уште поостар во април, месецот кога се воведе и полициски час.
Гледано по сектори, најголем пад на индустриското производство има кај преработувачката индустрија од дури 14,3%. Во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација производството опаднало за 115%, додека во секторот рударство и вадење на камен индустриското производство бележи опаѓање од 10,8%.
Извозот во март, исто така е намален и тоа за дури 26,8%. По одделни производи, најголем пад има извозот на нафтени деривати и тоа за 18,8%, потоа следува машини и транспортни уреди каде што е евидентиран пад од 13,8% и хемиски и сродни средства каде што се смета и извозот на најголемата фабрика во земјава, Џонсон Мети, со намалување од 11,9%.
По земји, најголем пад на извозот има во Белгија и тоа 33,5%, потоа во Италија со 27,8% и Германија со намалување од 14,2%.
Овие трендови во реалниот сектор, се одразија и на темпото на полнење на државната каса.
Според Министерството за финансии, буџетските приходи во април изнесуваат 230,9 милиони евра, што претставува пад од 20% споредено со април минатата година, од кои даночните се намалени за 31% во однос на лани, додека пак кај придонесите нема разлика.
Овие податоци како и проекциите за светските економии и нашите најголеми трговски партнери, веќе даваат појасна слика и за економскиот раст годинава.
Економската активност несомнено е намалена, па така рецесијата годинава е сосема извесна. Прогнозите се движат од пад на бруто домашниот производ од -3,2% според Светската банка, -3,4% според Владата, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ.
„Гледаме дека и многу поразвиени економии, како САД и Германија, очекуваат значајно забавување на економиите годинава, односно негативен економски резултат. Проекциите на Меѓународниот монетарен фонд за нив се -5,9% и -7% респективно, додека за цела Европска Унија 7,1%. За македонската економија ММФ проектираше -4% на почетокот на април. На крајот на април, Светска банка за земјава проектираше забавување на економската активност помеѓу -1,4% до -3,2% од БДП, односно од пооптимистично до помалку посакувано сценарио. Основното сценарио на Министерството за финансии предвидува забавување на економската активност за -3,4% со тоа што ефектите од кризата врз економијата се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забавување на контракцијата, додека во четвртото закрепнување на економијата и раст“, рече Ангеловска.
cover-3-1Народната банка уште еднаш ја олабави монетарната политика
Народната банка исто така ја ревидираше проекцијата за раст на економијата за годинава. Новата проекција е намалување на економската активност од -3,5% за годинава и закрепнување во наредната година за кога Народната банка проектира раст од 4,7%.
Како што истакна гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска, се очекува пад кај сите компоненти на БДП, освен кај јавната потрошувачка.
Кај личната потрошувачка се очекува пад од околу 4% поради пад на расположливиот доход во услови на неповолен пазар на труд и пад на приватните трансфери, забавување и на кредитната поддршка, зголемена неизвесност и воздржаност, кај бруто инвестициите пад од околу 10% поради помали странски, но и домашни – јавни и приватни инвестиции, поради зголемена неизвесност и забавена кредитна поддршка. Кај извозот пад од околу 17%, поради намалена странска побарувачка, застој во синџирите на снабдување и домашни рестриктивни мерки и намалената лична и инвестициска побарувачка, а падот на извозот ќе доведе и до пад на увозот од околу 15%.
Во однос на депозитите и кредитирањето, Ангеловска – Бежоска посочи дека намалената економска активност ќе има неповолни ефекти врз перформансите на компаниите и доходот на населението, а со тоа и врз потенцијалот за штедење и оти се очекува забавување на депозитниот раст на 2,3% и на кредитниот на 3% оваа година, а потоа се очекува постепено забрзување до околу осум, односно седум отсто на среден рок.
Според гувернерката ризиците се составен дел на секоја проекција, но овој пат тие се исклучително високи и произлегуваат од надворешното окружување, но и од домашниот контекст, па поради тоа симулација на двојно подлабок пад на странската ефективна побарувачка во 2020 година, односно пад од 10% (наспроти 5%) би довело до подлабок пад на БДП за 2,3 п.п., споредено со основната проекција, при понагласени неповолни ефекти врз извозот и инвестициската побарувачка.
Гувернерката потенцира дека најновите проекции значат целосно редефинирање на макроекономската слика за оваа година и дека на краток рок се проценуваат неповолни ефекти во повеќе сегменти, но се очекува задржување на здравите фундаменти што ќе биде од исклучително значење во периодот на закрепнување.
Имајќи ги предвид сите економски индикатори, Народната банка неделава повторно ја олабави монетарната политика. По намалувањето на основната каматна стапка во јануари и март, Народната банка повторно ја намали, за 0,25 процентни поени, со што таа ќе изнесува 1,5%.
Истовремено, по намалувањето на износот на благајнички записи којшто беше понуден на априлската аукција, понудата последната аукцијата се намали за нови 114 милиони евра. Па така, од овој инструмент се ослободија вкупно 244 милиони евра, коишто се очекува да овозможат натамошна поддршка на македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем.
„Одлуката за натамошно монетарно релаксирање се темели на стабилизирањето на очекувањата и довербата на економските субјекти во последниот период, видливо преку подобрените движења на девизниот пазар и кај депозитите во банкарскиот систем. Овие околности, при истовремено комфорно ниво на девизните резерви и умерена инфлација, а при оцена за неповолни ефекти од здравствената криза врз економската активност на краток рок, отвораат простор за натамошна поддршка преку монетарната политика. Ова релаксирање на монетарната политика се очекува да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките, како и за обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем, којшто соодветно ќе може банките да ја искористат за поддршка на домашната економија преку зголемување на кредитната активност и ублажување на ефектите од негативниот шок врз домашната економија“, објаснија од Народната банка.
cover-2-1Мерки за побрз раст
Прашањето што си го поставуваат економистите е како да се забрза економијата после пандемијата?!
Бидејќи цел свет е во иста каша, владите од повеќето земји, веројатно ќе го применат веќе проверениот начин на забрзување на економската активност со фискален стимул, односно повеќе пари од државните буџети.
Економистите сугерираат најголем дел од парите од јавните приходи но и од задолжувањата, да се наменат за инвестиции во инфраструктура која ќе биде технолошки напредна и одржлива. Според процените, секое вложено евро, во патишта, железници, енергетски капацитети, училишта, носи поврат во економијата од 4 евра.
Препораките од Светскиот економски форум се главниот фокус при инвестициите во инфраструктура да биде на дигитализација на процесите, инвестирање во cloud компјутерски системи, потоа инвестиции во енергетска инфраструктура и обновливи извори на енергија, посебно добиена енергија од ветар и сонце, со кои ќе се намалат емисиите на гасови.
Исто така инвестиции и во социјална инфраструктура од која ќе имаат бенефит општествата, како училишта и подобри здравствени системи, кои ќе користат најнови и најнапредни техники и иновации што ќе можат да одговорат на новото време.
Во македонскиот буџет за годинава, за изградба на капитални објекти се планирани вкупно 386,5 милиони евра, но има најави оваа сума да се зголеми. Освен за капитални објекти, за поттикнување на домашната потрошувачка на краток рок, властите размислувале и за воведување повеќе видови субвенции за најзагрозените граѓани.
Ваквите мерки побрзо ќе ја вратат економијата на брза лента, па според процените последниот квартал годинава и следната година, растот ќе забрза и до 7%.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×