Бугарија 10 пати ги намалува провизиите за трансфер на пари во странство
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Новите правила ќе им олеснат и над 15 000 бугарски мали и средни претпријатија 
counterДесетократно намалуваат банкарските трошоци кои Бугарите плаќаат при превод на суми во странство, изјави европратеничката Ева Мајда за време на дискусијата по повод усвојувањето на регулативата за прекугранични плаќања.
 “Најпозитивен ефект ќе биде во Бугарија. Ако сега бугарските банки земаат меѓу 30 и 50 лева за превод на 10 евра во странска финансиска институција, веќе ќе платат надомест од само 2-3 лева, со кои се приближуваат до сегашната највисока такса за меѓубанкарскиот преводи кај нас од 2.50 лева“, објасни европратеничката.
Регулативата ќе влезе во сила на 15 декември 2019 година и се очекува да заштеди повеќе од една милијарда евра за граѓаните на еврозоната. Најголемиот ефект ќе биде за луѓето кои имаат блиски во странство, учат, пребиваат во странство, како и за бугарскиот бизнис, кој тргува во ЕУ и нема да му се налага да отвора сметка во секоја држава во која работи“, посочи европратеничката.
Регулативата, исто така, има втор важен дел кој ќе им овозможи на Бугарите да ги имаат сите информации како ја користат нивната кредитна или дебитна карта во странство. Корисниците сега ќе можат да видат колкава ќе биде платежната провизија и и ќе добиваат известувања на е-маил.
 „Исто така, се планира да се постави веб-страница за следење на примената на новите правила. Ќе има информации за таксите за прекугранични трансфери во евра на која било банка која работи во Бугарија“, додаде Мајда.
Според неа на оваа онлајн платформа, исто така, ќе има место за пријавување на сомневање за измама.
Новите правила ќе им олеснат и над 15 000 бугарски мали и средни претпријатија кои извезуваат стоки и услуги, и над 36 000 кои увезуваат, додаде економистот Лачезар Богданов. Според него, во Бугарија околу 4 милиони евра годишно отпаѓаат на провизии при преводи.
36 месеци по влегувањето во сила на оваа регулатива, ЕУ мора да претстави единствен механизам на наплата за трансфери во сите валути.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×