Бугарија бара партнери кај соседите за изградба на Белене, Владата прави анализа
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Бугарија има намера да ја гради нуклеарната електрана Белене и ги повикува соседните земји да се вклучат во изградбата што според проценките ќе чини повеќе од шест милијарди евра.
belene_panoramaЗа таа намена минатиот месец објави јавен повик во службениот весник на Европската Унија за барање стратешки партнер за изградба на Белене со кој ги повикува и соседите земји да се вклучат во проектот. Бугарските очекувања се дека интерес ќе пројават Србија, Црна Гора и нашата земја.
Проектот  досега е одложуван повеќе пати. Последен пат беше активиран во 2010 година кога рускиот претседател Владимир Путин и понуди на Бугарија руски Росатом да ја изгради нуклеарната електрана Белена за 6,3 милијарди евра.
Предвидено е нуклеарната електрана да се гради на реката Дунав во Белене.
Владата прави анализи дали да се вклучи во проектот
На 22 мај 2019 година, во службениот весник на Европската Унија, е објавен јавен повик за изразување интерес за стратешки инвеститор и/или откуп на малцински акции и/или набавка на електрична енергија за нуклеарната централа Белене во Бугарија, кој трае 90 дена по објавување на јавниот повик.
„Владата сериозно ги разгледува понудените опции на јавниот повик, во насока на обезбедување енергетска стабилност и независност. Постои иницијален интерес за вклучување во овој проект и во моментов се прават детални анализи. По направените детални анализи, јавноста ќе биде информирана за ставот и преземените чекори“, велат од Владата.
Претседателот на РКЕ ја поддржува идејата земјава да се вклучи во изградбата на Белене
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски ја поддржува идејата земјава да инвестира како држава во некоја нуклеарна електрана што би се градела во соседството.
„Резервите на јаглен во Македонија се максимум до 15 години, дури и тој енергенс да го замениме со гас се уште ќе бидеме увозно зависни. Идејата да инвестираме во некоја нуклеарна електрана во соседството е добар начин нашата држава во наредниот период да обезбеди базна енергија која би ја заменила базната енергија што во овој момент ја даваат термоелектраните“, вели Бислимовски.
Потсетува дека во минатото земјава има едно такво искуство. Во 70-тите и 80-тите години од минатиот век тогашна Социјалистичка Република Македонија учествувала со свој процент во изградбата на термоелектраните Обилиќ во Косово и таа електрична енергија се користела пред се за потребите на тогашна Железара. За таа намена е изградена и посебна 220 киловолтна врска.
„Верувам дека вложувањето во нуклеарната електрана Белене во Бугарија е добар проект за нашата држава. Се разбира дека Владата и останатите инвеститори треба да ги испреговараат условите под кои треба да се гради, но начелно мое лично мислење е дека треба да влеземе во такви регионални проекти имајќи го предвид енергетскиот потенцијал што го имаме како држава“, порачува Бислимовски.
Во Белене треба да се инвестира во капацитет со најмалку 500 мегавати
Според претседателот на РКЕ, за земјава би било доволно во Белене да изгради капацитет со најмалку 500 мегавати за да ја супституира РЕК Битола што го обезбедува најголемиот дел од базната енергија.
„РЕК Битола има 675 мегавати инсталирана моќ, а во 2011 година се правеше ревитализација на термоелектраната и требаше капацитетот да се зголеми за дополнителни осум мегавати по секој од трите блока, но за жал по целосната реконструкција на два блока тоа што го даваат на мрежа е лошо“, посочува Бислимовски.
Во Европа има 196 нуклеарки, најавена е изградба во Бугарија, Чешка, Полска, Романија, Турција…
Во Европа постојат 196 нуклеарни електрани од кои најголемиот број 59 се лоцирани во Франција. Во Русија има 10 активни нуклерани електрани. Единствено досега Германија донесе одлука да ги исклучи своите нуклеарни електрани по хаваријата на јапонската нуклеарна електрана Фукушима. Обид да се затворат германските нуклеарни електрани имаше уште во 2000 година кога под притисок на „зелените“ се донесе одлука постепено да се згаснат нуклеарните електрани. Во 2010 година беше донесен закон да се продолжи рокот за работа на нуклеарните електрани за одреден период, но по хаваријата во Фукушима во 2011 година што настана поради удар од цунами  беше донесена одлука за нивно запирање.
Во балканските земји нуклеарни електрани имаше во поранешна СФРЈ во Кршко и во Бугарија во Козлодуј. Актуелни планови за изградба има во Унгарија, Романија и Турција на Балканот, како и во Чешка и Полска и тие не се откажуваат од намерата. Русија и Кина, пак, планираат двојно да го зголемат бројот на нивните нуклеарни електрани.
Досега најголемата хаварија на нуклеарна електрана се случи на 26 април 1986 година во Украина во Чернобил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×