Бугарија е прва во ЕУ по бројот на жени кои учат и работат во секторот на информатички технологии
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Bulgaria techБугарија е прва во Европската унија според делот на жените кои изучуваат вештини од областа на информатичко-комуникациски технологии и по бројот на жени кои работат во оваа област, окажуваат податоците на Евростат.

Над 1,3 милиони луѓе во ЕУ изучувале науки од областа на ИКТ секторот во 2016 година. Жените се малцинство, бидејќи само еден од шест студенти или 16,67% е жена.
Највисок е процентот на жени студенти во областа на информатичките науки во Бугарија, кој изнесува дури 33%, втора е Романија со 31%, Грција и Шведска со по 29%, Кипар со 26% жени студенти кои ги учат овие вештини.
Процентот на жени кои изучуваат информатички и телекомуникациски науки во Холандија е далеку помал и изнесува само 6%, во Белгија 8%, додека во Луксембург 10%.
Ако се анализира состојбата на пазарот на трудот, во ИКТ секторот во ЕУ работат 8,4 милиони специјалисти. Бројките покажуваат дека мажите се значително побројни во споредба со жените во овој сектор чиј број изнесува 1,4 милиони или 17,2% од вкупно вработените во ИКТ секторот.
Највисок е делот на жени специјалисти во ИКТ секторот во Бугарија, 26,5%, следат Романија и Литванија со 25,7%.
Помалку од 10% жени вработени во ИКТ секторот има во Унгарија (8,9%) и Чешка (9,3%).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×