Бугарија одлучи да не протерува руски дипломати во оваа фаза
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Чекаме повеќе докази и во овој момент не сметаме дека треба да протераме руски дипломати или технички лица. Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по седница на Советот за безбедност при Владата на Бугарија, на кој учествуваа претставници на соодветните служби, ресорните министри и претставници на претседателот на државата.

Борисов сосем доволна ја смета покажаната солидарност преку гласањето на Бугарија во Советот на Европската унија и во НАТО, каде Русија е предмет на критики за труењето на двојниот агент Сергеј Скрипал во Велика Британија.

Бугарскиот премиер смета и дека повикувањето на консултации во Софија на бугарскиот амбасадор во Москва, Бојко Коцев, е доволно сериозна мерка.

Борисов денеска изјави дека треба да се одржи каналот за комуникација со Русија, што било задача на Бугарија како претседавач на ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×