Бугарија влегува во еврозоната
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Бугарија влегува во еврозоната и го прифаќа еврото по курс од 1.95583 лева.

hero-travel-buying-euros
„Усвојувањето на еврото не е еднострана желба на Бугарија, тоа е обврска на бугарската држава, која произлегува од Договорот за пристапување кон ЕУ, а правниот акт не предвидува конкретен рок за воведување на единствена валута во земјата. Сепак, треба да се има предвид дека влезот во валутниот механизам е политичко решение и зависи од наклонетоста на земјите-членки за проширување на еврозоната“.
Ова го изјави министерот Владислав Горанов за време на парламентарно испитување, цитирано од dir.bg.
„Бугарија е во состојба на постојана подготвеност повеќе од 20 години – со воведувањето на аранжманот на валутниот одбор и одредувањето на девизниот курс на еврото, со формирањето на валутниот одбор, нашата економија во голема мера ја апсорбира политиката на ЕЦБ, како и позитивните и негативните ефекти на учеството на Бугарија во идното членство во евро-зоната“, рекол Горанов.
„За да стане дел од еврозоната, земјата треба да исполни одредени критериуми дефинирани во Договорот од Мастрихт. Во однос на нивото на подготвеност на нашата земја да влезе во еврозоната, Бугарија покрива 4 од 5-те технички критериуми – инфлација, буџетски дефицит, државен долг и долгорочна каматна стапка. Ова беше откриено во извештаите за конвергенција на Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската комисија (ЕК) 2014, 2016 и 2018 година“, изјавил министерот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×