Бугарија забрани анонимни акционери, мора да се пријават вистинските газди во фирмите
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Парламентот во Бугарија вчера ги усвои измените на Законот за трговски друштва со кои се забранува постоење на анонимни акционери во фирмите. Со измените се предвидува сите акции на доносител  да се заменат со акции на име. Промената се прави за да се идентификуваат вистинските сопственици во фирмите, кои многу често во минатото биле затскриени зад акциите на доносител, со што во Трговскиот регистер отсуствувала информацијата за тоа кој вистински управува со фирмите.

По влегување на сила на законските измени, бугарските компании ќе имаат период од 9 месеци за да ги направат промените, односно сите акции на доносител да се заменат со акции на име.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×