Бугарите се европски шампиони во селфи
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Ова го покажува истражувањето Huawei Summer Barometar 2017, спроведено на 12 земји од централна и источна Европа и Скандинавија
landscape-1467318451-elle-selfie

 

 

 

 

 

Бугарските корисници на смартфони го зазедоа првото место во рангирањето на 12 земји во Централна и Источна Европа и Скандинавскиот регион според однесувањето и користењето на одредени функции на своите телефони, како селфи фотографии, споделување на одредени содржини на социјалните мрежи и слушање на онлајн музика. Ова го покажуваат податоците од меѓународното истражување Huawei Summer Barometar 2017, спроведени на над 6 илјади корисници, пренесува бугарски Капитал.

Целта на проучувањето е да се разбере кои се основните функции што корисниците ги користат на своите паметни телефони и за што се користат уредите пред претстојните летни месеци и планирани одмори.
84% од учесниците Бугари во истражувањето изјавиле дека ова лето ќе прават селфи фотографии и ќе споделуваат слики и видеа на социјалните мрежи, со што го завземаат првото место во рангирањето, застанувајќи пред корисниците на паметни телефони од Романија, Србија, Грција, Унгарија, Полска и чети други скандинавски земји.

Исто така е највисок делот на корисници од Бугарија (72%) кои ќе слушаат музика онлајн за време на летните одмори, пред соседите од Србија и Романија. Дури 88% од Бугарите ќе ги користат уредите за навигација преку летото, завземајќи го второто место после Србија.
Истражувањето на Huawei Summer Barometar е спроведено од страна на Ipsos во текот мај 2017 година во 12 земји од Европската унија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×