Бугарска фирма „увезува“ шивачки од Молдавија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Компанија од Дупница (Р. Бугарија, близу Ќустендил) поднесла барање за ангажирање на шивачки од Молдавија, и веќе и’ е одобрена да ги да ги „увезе“, објави градската канцеларијата за труд. Ова е направено во согласност со Договорот за регулирање на трудова миграција помеѓу Бугарија и Молдавија.
tekstil-modaРаботодавецот ќе им обезбеди на молдавските жени бесплатно сместување и храна и ќе ги обезбеди во согласност со бугарската легислатива. Нивниот надоместок ќе биде колку и на бугарските работници, рече Наташа Илиева, раководител на Бирото за труд во Дупница, цитирана од БНР.
Интересот за регрутирање на работници од поранешната советска република ќе се интензивира поради кризата на пазарот на трудот во Дупница и регионот. Според побарувањата, најголем интерес има за шивачи и шивачки.
Стапката на невработеност во вој бугарски град е рекордно ниска – 5,7%.
Постои недостаток на квалификувана работна сила, што доведува до намалување на бизнисот. Работодавачите во градежништвото, машинското, кроечкиот, ресторативниот и хотелскиот сектор наидуваат на најголем недостаток на работна сила.
За време на одморот, голем дел од рестораните во регионот Ќустендил вработуваат студенти, рече инспекторот за труд.
Во Македонија пелагониските стопанственици први побараа увоз на работна сила
Претседателката на Регионалната Стопанска комора – Прилеп, Ирена Јакимоска, на средба со Премиерот и Владината делгација и со стопанствениците од Прилеп и Битола, одржана на 1-ви април годинава, рече дека било разговарано и за увоз на работна сила од други земји и поедноставување на постапата за престој на работни визи на истите.
„Фактите се на страната на Пелагонискиот регион, бидјеќи 11 %  од додадената вредност на правните субјекти учествуваат во создавањето на бруто домашниот производ во Македонија. Но можностите за надминување на најгорливите прашања се: недостигот на оперативна кавалификувана работна сила.  Во однос на оператината работна сила разговаравме и за увоз на работна сила од други земји и поедноставување на постапата за престој на работни визи на истите..Имаме и конкретни работни задачи на кои можеме да поработиме сите компании , задно со владините мерки од 20 милиони евра неискористени средства за тренирање на потенцијална работна сила“ – рече Претседателот на Регионалната Стопанска комора – Прилеп,Ирена Јакимоска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×