Бугарската министерка за правда поднесе оставка, купила стан под пазарната цена
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Утрово, премиерот Бојко Борисов ја прифати нејзината оставка.
cecka cacevaБугарската министерка за правда Цецка Цачева денеска поднесе оставка откако медиумите објавија дека таа и уште тројца функционери од владејачката партија на десен центар ГЕРБ купиле луксузни станови под пазарната цена.
Оставка денеска поднесе и заменичката на министерот за спорт Вања Колева, додека Цветан Цветанов, шеф на пратеничката група на ГЕРБ тврди дека нема ништо спорно при купувањето на станот.
Аферата изби кон почетокот на неделата, кога бугарската редакција на Радио Слободна Европа и една невладина организација за борба против корупција објавија дека функционерите минатото лето купиле луксузни станови во Софија под пазарната цена.
Цачева велеше дека не сторила ништо погрешно и побара антокорупциската комисија да го испита случајот. Вчера, антокорупциската комисија покрена истрага за становите кои се купени од иста градежна фирма.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×