Бугарскиот министер за здравство поднесе оставка поради обвинувања дека доделувал јавни набавки на „свои луѓе“
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Бугарскиот министер за здравство, Николај Петров, поднесе оставка, која е прифатена од премиерот Бојко Борисов, соопшти утрово прес-центарот на кабинетот.

Во бугарските медиуми вчера беше објавена истражувачка сторија, во која се тврди дека Петров доделувал јавни набавки на „свои луѓе“.

Наводно, тој доделил јавна набавка на маж со кој неговата ќерка има дете. Станува збор за период, во кој Петров бил на чело Военомедицинската академија (ВМА).

Авторите на текстот се повикуваат на извештај на Министерството за одбрана, надлежно и за ВМА. Проверката го опфаќа речиси целиот период во кој Петров е началник на таа установа.

Една од јавните набавки, на која ревизорите обрнаа посебно внимание, е периодичната достава на остеосинтетични средства за ортопедија и трауматологија, протетика, артроскопски потрошен материјал. За тие наводи и обвинителството покрена истрага и утврди дека нема доволно докази за судско гонење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×