Бугарскиот претседател Радев стави вето за купување американски борбени авиони
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на спорното купување американски борбени авиони Ф-16.
radevКако причина Радев ја наведе високата цена, недоволната опрема и зголемувањето на буџетскиот дефицит што таа нарачка го повлекува со себе.
„На Бугарија и е потребен повеќефункционален авион со комплетен пакет наоружување, опрема и обука на пилоти“, рече Радев, оценувајќи дека тие услови не се исполнети со договорот.
Според договорот со американскиот произведувач, целата сума треба да се исплати пред септември, а авионите да се испорачаат до почетокот на 2024 година.
„Носењето стратешки одлуки во врска со одбраната и националната безбедност бара прифатливи финансиски параметри и широк консензус“, рече Радев.
Тој додаде дека забрзаната процедура за ратификација на договорот не дозволила да се расчистат прашањата околу цената, роковите на испорака и отштета во случај на доцнење.
Бугарската Влада на 10 јули донесе одлука за купување осум нови американски воени авиони Ф-16 од компанијата „Локид Мартин“ по цена од 1,25 милијарди американски долари (1,12 милијарди евра).
Заменик министерот за одбрана Атанас Заприанов тогаш изјави дека Владата одлучи да потпише четири договори за набавка на авиони Ф-16 Блок 70 со неопходната опрема.
Бугарскиот парламент во јануари го одобри планoт на Владата да почне преговори со САД за купување нови воени авиони „Ф-16“, со што ќе ги замени руските „миг 29“ и со тоа ќе ги приспособи воздушните сили на НАТО-стандардите.
Планот беше одобрен со 130 гласа „за“ и 84 гласа „против“. Поддржувачите на планот го сметаат дека тоа е стратешки избор, а противниците изразија загриженост дека авионите се премногу скапи.
Со усвојувањето на овој план предност им беше дадена на американските авиони во однос на шведските „Грипенс“.
По ова вето, Парламентот мора повторно да се изјасни за договорот. Претседателот не може да се спротивстави доколку договорот вторпат помине во Парламентот.
Радев, поранешен командант на воздухопловните сили беше избран во 2016 година со поддршка на социјалистичката опозиција, не криеше дека повеќе му се допаѓа договорот со „Грипенс“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×