Бугарските ИТ компании ќе добиваат средства од Катар за да излезат на глобалниот пазар
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Бугарските високо-технолошки компании можат да аплицираат за финансирање на Катар за да ги прошират своите операции и да влезат на глобалниот пазар.

bg katarОва e заклучокот од состанокот на заменик-министерот за економија  на Бугарија, Александар Манолев, со министерот трговија и индустрија на Државата Катар, Али бин Ахмед Ал Куари и претседателот на Катарските слободни зони, Ахмад бин Мохамед Ал Сајед.

Двете страни се договориле да се обезбедат дополнителни информации и детални критериуми за тоа како и кои компании можат да аплицираат за такво финансирање.

Катар издвоил сериозни средства за развој на секторот на информатичката и комуникациска технологија и за нив претставува интерес привлекувањето на компании со потенцијал за раст.

“Бугарија има најбрзо растечки ИКТ сектор во Југоисточна Европа, а тоа е, секако, област каде што имаме силен потенцијал за раст”, рече заменик-министерот Манолев.

Тој додаде дека Бугарија ја има една од најбрзите интернет-мрежи во светот и вкупниот обрт на услуги во ИКТ секторот се зголеми за 300% во последните 7 години и достигна 2,5 милијарди евра.

“Секоја година бугарските универзитети подготвуваат околу 4.000 специјалисти за овој сектор. Значи тоа е индустрија во која имаме сериозна традиција, и се надевам на уште поголема во иднина “, рече економскиот заменик-министер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×