„Булгартрансгас“ ќе го гради продолжението на гасоводот „Турски тек“
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Проценката на инвестициjата во проектот изнесува 2,77 милијарди бугарски левови, без ДДВ (околу 1,4 милијарди евра) соопштила компанијата „Булгартрансгас“.

turski tek

Компанијата „Булгартрансгас“ ќе го гради продолжението на гасоводот „Турски тек“ низ Бугарија, од турската до српската граница. Србија чека мислење од Европската енергетска заедница.

Конечната инвестиционата одлука Бугарите ја донесоа бидејќи гасоводот ја потврдил исплатливоста, бидејќи продале 100% од предвидените капацитети за транспорт на гас низ својата земја.

Гасот е од Русија, а бугарската министерка за енергетика изјавила дека проектот го положил економскиот тест и веќе пресметале колкав приход ќе имаат од транзитни такси. Бугарија запали зелено светло кон Србија за нов гасовод.

Според српските дипломати тоа е добра и оптимистичка вест.

Бугарија, имено утврдила дека постои економска основа за изградба на тој гасовод и сите капацитети на гасоводот се продадени за наредните 30 години а постои и оправданост за изградбата на тој гасовод што е прв почетен чекор за реализација на Турски тек-објаснуваат српски дипломати.

Проценката на инвестиции во проектот изнесува 2,77 милијарди бугарски левови, без ДДВ (околу 1,4 милијарди евра) соопштила компанијата „Булгартрансгас“.

Проектот меѓу другото се реализира поради прием на гас кој ќе доаѓа од Русија преку гасоводот Турски тек.

Неодамна Гаспром ја заврши изградбата на два крака на морскиот гасовод Турски тек по дното на Црното море со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри годишно. Еден крак е предвиден за турскиот, а другиот за европскиот пазар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×