Бундестагот на 26 септември ќе даде зелено светло за преговори
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

Германскиот Бундестаг ќе даде зелено светло за отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, а на седницата која ќе се одржи на 26 септември кога на дневен ред ќе се најде точката за нашата апликација, лично ќе присуствува вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи каде домаќин ќе му биде претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле.
bundestagОсмани ова го најави во изјавата за медиумите по средбата со германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Михаел Рот.
„Од Рот добив уверување дека тие како Влада ќе застанат цврсто во барањето од Бундерстагот да даде зелено светло за Северна Македонија, кој на оваа тема ќе расправа за една недела. Сметам дека се движиме во вистинска насока, поддршката од Германија ни е апсолутно клучна, и очекувам дека сите овие напори ќе резултираат со одлука во октомври за старт на преговорите. Потврдата од германскиот Бундестаг ќе претставува зелено светло и за министерот Рот и воопшто за Владата на Германија и канцеларката Меркел, на претстојните состаноци во октомври на Европскиот совет да ја потврдат одлуката за старт на преговорите“, изјави Османи за медиумите.
Османи во рамки на посетата на Берлин реферираше и за последните актуелности во земјава, нагласувајќи дека Владата е истрајна и посветена во отстранувањето на сите формални и неформални забелешки кои можат да претставуваат предизвик за одлуката во октомври.
„Остваривме напредок во сите посочени области од страна на Европскиот Совет, и во континуитет остваруваме солиден „трек-рекорд“, успешна имплементација на донесените реформи“, истакна Османи.
Од Берлин, Османи патува за Варшава, каде што ќе има средба со државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански, а ќе разговара и со шефот на полската дипломатија Јацек Чапутович.
Посетите на Берлин и Варшава се дел од европската турнеја на вицепремиерот Османи низ европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×