Буш ја најави својата кандидатура за претседател на САД
Објавено на од во Политика
Поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш, официјално ја најави својата кандитатура за претседателски кандидат на Републиканската партија, за изборите во САД закажани идната година

Под мотото „Америка заслужува подобро“, 62-годишниот републикански кандидат пред своите поддржувачи во Мајами го најави своето учество во изборната трка на претстојните претседателски избори.

„Се одлучив. Јас сум кандидат за претседател на САД. Успеавме Флорида да ја направиме број еден, преку создавање работни места и отворање мали бизниси“, рече Буш од Мајами.

Тој пред своите симпатизери во „Дејд Колеџ“ се обрати на англиски и шпански јазик, што е невообичаено за еден политички говор во Соединетите држави.

„На кој било јазик, мојата порака ќе биде оптимистичка. Не сакам ништо да земам здраво за готово. Ќе се натпреварувам од срце, ќе се натпреварувам за победа“, истакна Буш.

Републиканскиот кандидат, кој е син на поранешниот претседател Џорџ Буш Постариот, меѓудругото потенцира дека кампањата ќе ја спроведува низ целата земја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×