Business Insider: Американските авиокомпании се плашат од Air Serbia
Објавено на од во Компании
Минатиот четврток, ербасот на Air Serbia, српскиот национален авиопревозник кој што е во малцинска сопственост на Etihad од Абу Даби,  слета на њујоршкиот аеродром ЏФК.
ap_262259911888

“Ербасот“ на Air Serbia слетан на њујоршкиот ЏФК, фото AP

 

 

 

 

 

 

 

Тоа беше за прв пат директна линија од Белград  до Њујорк од 1992 година наваму. Овој лет само ги зголеми грижите и стравот на најголемите американски авиопревозници  од на трите мега авиокомпании од Блискиот исток, пишува Business Insider.

Години наназад, американските авиокомпании American, Delta и United airlines, ги обвинуваат блискоисточните конкуренти Emirates, Etihad  и Qatar airways дека добиваат државни субвенции од преку 42 милијарди долари и така добиваат предност на пазарот, што директорите на арапските превозници постојано го негираат. Emirates, Etihad  и Qatar airways упатуваат на нивните финансиски извештаи како доказ за нивната профитабилност во бизнисот.

Air Serbia пак, заедно со Air Berlin, Virgin Australia, Jet Airways, Air Seychelles, Etihad Regional  и Alitalia – припаѓа на групацијата на Etihad, вториот по големина авиопревозник од Обединетите арапски емирати, после Emirates. Etihad има do 49% сопственички удел во секој од овие авиопревозници. Etihad не учествува во секојдневните операции на партнерските компании, но неговото присуство се чувствува, тој ни овозможува да реализираме некои активности, рече директорот на Air Serbia, Дане Кондиќ, во интервјуто за Business Insider деновиве.

На пример, Airbus A330 авионот што леташе од Белград до Њујорк е изнајмен од Jet Airways, додека пак,  пилотите на Air Serbia се обучувани во италијанската Alitalia. Истовремено, Etihad обезбеди тренинзи за кабинскиот персонал, како и за персоналот што ги дочекува авионите на ЏФК.

Директорот на Etihad, Џејмс Хоган, во едно интервју за Business Insider ги истакна предностите што неговата компанија ги има над американските конкуренти. “Иако американските превозници се во основа три глобални авио алијанси, она што ние го направивме, а тие не, е што ги намаливме оперативните комплексности преку партнерска мрежа“, рече Хоган.

awc-3214

Џејм Хоган, директорот на Etihad: Ние ги намаливме оперативните комплексности, а Американците не направија ништо“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тој додава дека Air Berlin, Alitalia  и другите членови на мрежата бараат начини да споделуваат се’ – од флотата, преку компјутерските системи, до тренинзите.

Авиокомпаниите дури се трудат и да го унифицираат ентериерот на авионите, за да можат тие едноставно да се префрлаат од една во друга флота, зависно од побарувачката.

“Мала, осиромашена компанија како што е нашата, ниту за милион години не би можела да лета преку Атлантикот, доколку не станеше членка на Etihad групацијата. Самостојно, со флота од 21 авион, ние немаме капацитет за прекуокеански летови“, вели директорот на Air Serbia, Кондиќ.

Американските аеродроми не се во состојба да се бунат заради работењето на италијанската национална авиокомпанија надвор од Рим или српската национална авиокомпанија надвор од Белград. Etihad не мора самостојно да се шири на американскиот или европскиот пазар – тоа за него може да го прават германска, швајцарска, италијанска или српска авиокомпанија. А, американските критичари не можат да влијаат врз тоа, заклучува Business Insider.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×