- Најновиот пазар на BYD е 38-от пазар на брендот во Европа
- Комбинација од електрични и Super Hybrid модели достапни преку дилер во Скопје
- Хечбек, SUV и седан модели во широка понуда
Благодарение на новиот договор за увоз со Evolution-Auto, клиентите во Северна Македонија добиваат можност да изберат меѓу најпопуларните модели на BYD, кои опфаќаат SUV, хечбек и седан каросерии, како и комбинација од целосно електрични BEV возила со нулта емисија и Super Hybrid модели со долг досег.
Почетната моделска понуда, достапна преку продажниот салон во главниот град Скопје, ја предводи DOLPHIN SURF, компактниот и исклучително достапен модел прогласен за World Urban Car of the Year, додека врвот на понудата го претставува SEALION 7, високоперформансен целосно електричен SUV кој забрзува од 0 до 100 km/h за само 4,5 секунди, а со својата Blade Battery нуди досег до 502 km.

SEALION 7 го користи целосниот потенцијал на познатата посветеност на BYD кон истражување и развој. Моделот располага со Cell-to-Body конструкција за исклучителна цврстина и безбедност, како и со најбрзиот електромотор во сериско производство во светот, способен да достигне неверојатни 23.000 вртежи во минута.
Клиентите можат да го изберат и елегантниот SEAL седан, кој ја користи истата напредна конструкција како SEALION 7, но со пониска силуета која придонесува за постигнување досег до 570 km според WLTP со неговата Blade Battery.
За клиентите на кои им е потребна уште поголема флексибилност при редовни патувања на долги релации, BYD го претставува и SEAL U DM-i, plug-in хибриден SUV, како дел од почетната понуда за Северна Македонија.
Опремен со Super DM хибридна технологија, која го комбинира мазното и динамично возачко искуство на електричниот автомобил со исклучителен реален досег, SEAL U DM-i може да помине повеќе од 1.000 km со целосно наполнета батерија и полн резервоар гориво.
Другите модели достапни во понудата се ATTO 2 DM-i – компактен Super Hybrid SUV кој исто така може да помине повеќе од 1.000 km со целосно наполнета батерија и полн резервоар – како и ATTO 3 EVO SUV и SEAL 6 DM-i седанот.
Оваа моделска понуда му овозможува на BYD одлична покриеност на различни сегменти и го пзиционира брендот за дополнително унапредување на пазарот на возила со нова енергија, кој има голем потенцијал за раст во Северна Македонија.

Стела Ли, извршен потпретседател на BYD, изјави:
„Исклучително сме возбудени што го отвораме нашиот прв продажен салон во Северна Македонија. Во BYD, нашата мисија е да ги направиме нашите одржливи технологии достапни за што е можно поголем број потрошувачи, претворајќи ја интелигенцијата во реалност.
Затоа, секој нов пазар во Европа е исклучително важен за нас. Особено ни е драго што започнуваме со толку широка моделска понуда, која вклучува достапни возила како DOLPHIN SURF и ATTO 2 DM-i, но истовремено ги претставува и технолошките предности на BYD преку SEAL и SEALION 7.
Со нетрпение очекуваме да го прошируваме нашето присуство овде во текот на 2027 година и понатаму.“
Основана во 1995 година, BYD (Build Your Dreams) е единствениот производител на возила со нова енергија кој разви сопствени погонски системи, погонски батерии, автомобилски полупроводници, електромотори и системи за управување со електромотори.
Во јули оваа година, BYD стана првиот производител на автомобили во светот кој достигна производство од 17 милиони возила со нова енергија (NEV) – историски резултат кој ја потврдува долгогодишната посветеност на компанијата кон одржливиот развој.
Како технолошка компанија, BYD вработува повеќе од 120.000 инженери и техничари и секој работен ден поднесува барања за повеќе од 52 нови патенти.
BYD ја претстави револуционерната Blade Battery во 2020 година. Рамниот, правоаголен дизајн на Blade Battery овозможува подобро ладење и предзагревање, додека целосно безкобалтната литиум-железо-фосфатна (LFP) хемија успешно го помина тестот на пробивање, дизајниран да симулира внатрешни кратки споеви предизвикани од остри предмети кои ја пробиваат батеријата при сериозна сообраќајна несреќа.
За време на тестот, температурата на батеријата се движела од 30 до 60 °C, при што не биле забележани ниту чад ниту пламен.
Blade Battery батериите исто така можат да издржат повеќе од 5.000 циклуси на полнење и празнење.
За фотографии и видео материјали посетете го BYD media hub
































