Carrefour во Скопје и Тетово
Објавено на од во луѓе и компании

Carrefour Скопје влезе на пазарот во 2012 година со отворањето на првиот супермаркет во Скопје. Компанијата е дел од Маринополус С.А. (Marinopoulos S.A.), кој има ексклузивни права за Carrefour франшизата за југоисточна Европа.Маринополус е најголемиот малопродажен синџир во Грција, со меѓународна мрежа од 965 продажни места во земјата, во Кипар и на Балканот.

Од 2012 година, Carrefour Скопје воведе нов концепт за купување на локалниот пазар со кој на потрошувачите им понуди Carrefour Skopjeединствено искуство во купувањето со воспоставување високи стандарди во малопродажниот сектор. Во 2014 година, компанијата отвори втора продавница во Тетово, со нудење на висококвалитетни производи по најконкурентни цени, а денес во двете продавници има вработено 147 лица.

Задоволството на потрошувачите и одговорното работење ги сочинуваат главните стратешки приоритети на Carrefour. Исполнувањето на потребите на потрошувачот е мисија на компанијата. Carrefour нуди широк опсег на производи и обезбедува иновативни услуги, притоа привлекувајќи потрошувачи од Скопје, Тетово и од другите поголеми градови.

Покрај тоа, компанијата ги поддржува локалните економии со ангажирање на локални производители, со дистрибуирање и промовирање на нивните квалитетни производи. Поддршката на локалната економија и заедниците претставува клучен оперативен столб на Carrefour. Компанијата има за цел понатаму да воспоставува цврсти односи со локалните добавувачи и да ја прошири разновидноста на производите. На крајот, една од главните цели на компанијата е да продолжи со развојот на иницијативи и програми за корпоративна општествена одговорност, со фокусирање врз обезбедувањето помош за лицата на кои таа им е потребна.

Континуираните понуди, воведувањето нови производи, понудата на иновативни услуги и исполнувањето на потреби на потрошувачите, водат кон единствено искуство во купувањето кое го обезбедува Carrefour Скопје.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×