Carrefour за само две години направил загуба од 3 милиони евра и обврски двојно поголеми од имотот  
Објавено на од во Компании

Анализата на податоците за работењето на маркетот Carrefour во Македонија покажуваат дека тој работел со огромни загуби, а неговите обврски секоја година станувале се поголеми.

затворен керфурНа пример, според официјалните податоци маркетот Carrefour во Македонија во 2014 работел со вкупни приходи од 11 милиони евра, кои се зголемени за 8,4% за една година. Истата 2014 година Carrefour пријавил расходи од 12 милиони евра, па на крајот на 2014 година прикажал загуба од 1 милион евра.
Загубата на ЦМБ Балканс, која е сопственик на маркетите во Скопје и Тетово, за 2013 година, пак, била двојно поголема или околу 2,2 милиони евра. Што значи дека само за две години Carrefour направил загуба од три милиони евра во Македонија.
Големите загуби го “изеле” и капиталот на компанијата. Така, во билансите за 2014 година стои дека капиталот и резервите имаат негативна вредност од -3,5 милини евра.

Имотот, пак, на скопската ЦМБ Балканс изнесува околу 6 милиони евра, што ни оддалеку не ги покрива вкупните обврски на фирмата кои се уште никој не знае точно колкави се, но сигурно се поголеми од 10 милиони евра.

Последните официјални податоци покажуваат дека неговите вкупни обврски на крајот на 2014 година достигнале 9,7 милиони евра и само за една година се зголемени за 28,45%. Или само во 2014 година маркетот ги зголемил обврските за нови 2 милиони евра. Но, овие долгови се сигурно поголеми, бидејќи податоците за работењето на маркетот за 2015 година се уште не се објавени, а токму оваа година беа највидливи проблемите во неговото работење.

Кој стои зад Carrefour во Македонија ?

 

Маркетот Carrefour беше отворен во 2012 година, во рамки на трговскиот центар Сити Мол. Беше помпезно најавен како еден од најголемите маркети во земјата. Но, во изминативе неколку месеци сликата која се гледаше во Carrefour беше се попразни рафтови, се помал асортиман и се помалку купувачи, што упатуваше на заклучок дека е прашање на време кога тој ќе затвори.
Носител на франшизата за Carrefour во Македонија е фирмата ЦМБ Балканс Скопје, која е основана во август 2011 година со капитал од 405 илјади евра и со жиро сметка во Алфа банка Скопје. Како сопственик на ЦМБ Балканс се јавува фирмата ЦМ Балканс Б.В со седиште во Холандија. Тоа е истата фирма која е сопственик и на маркетите Carrefour во Бугарија. Управители во скопската фирма ЦМБ Балканс се Георгиос Вогиатзикас и Леодинас Маринопулос (претседател на грчката Marinopoulos Group).

Но, кон крајот на септември минатата 2015 година, ЦМ Балканс Б.В. во Скопје отворила уште една фирмаЦМБ СЕРВИЦЕС,  во која како управител се јавува Георгиос Вогиатзакис, истиот управител и на ЦМБ Балкан Скопје, фирмата која управува со маркетот Carrefour. Новата фирма е основана со помал капитал од 5 илјади евра, со жиро сметка во Охридска банка и со седише на Димитрија Чуповски4-2/3, кола е различна од адресата на маркетот во Сити Мол. Инаку, на оваа адреса на фирмата ЦМБ Сервисес, случајно или не, има регистрирано и  адвокатско друштво Кнезовиќ и соработници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×