Џули Мејер, Ariadne Capital – Парите ги следат идеите!
Објавено на од во луѓе и компании
Џули Мејер е една од најуспешните претприемачи во Европа и венчр капиталист (инвеститор што вложува во старт апи во рана фаза) , која оди само кон победи откако продолжи да ги поддржува старт- ап бизнисите во секторот на технологијата и го унапредува претприемништвото како бизнис модел на иднината.

Извршниот директор на Ариадне Капитал (Ariadne Capital), Џули Мејер е една од најпознатите фигури во Европа кога станува збор за секторот технологија. Влијателен венчр капиталист, Мејер ги поддржа некои од најголемите фирми од таканаречениот dot.com бум и продолжува да го поттикнува претприемништвото со надеж дека овој бизнис модел ќе направи револуција во економијата.
Мејер, по завршувањето на факултет замина во Париз во доцните 1980-ти, доби работа да ги подучува англиски француските извршни директори на Hewlett-Packard и 3Com. Овде, Мејер брзо сфати дека нејзините вештини и фактот што е израсната во семејство каде што центар бил фамилијарниот бизнис на татко и, добро ја екипираа за промени во претприемачкиот сектор. Со мастер диплома INSEAD во своите раце, Мејер почна да организира мрежни настани за нов медиа сет на секој прв вторник од секој месец (оттука, настаните без познати како „првиот вторник“). Во тоа време, постоеше дупка на пазарот за некој кој може да види потенцијал во европските стартапи, вели таа за нејзиниот прво вистински влегување во бизнис водите.

Julie Meyer2

Посветена на пронаоѓањето претприемачи што може да го променат светот

„Бев постојано збунета кога ги слушав луѓето од венчр заедницата како велат „тој венчр капитал како основа не функционира во Европа- ние немаме висок квалитет на претприемачи“. Но тоа некако не ми се чинеше реално- продолжив да одржувам средби со претприемачи за кои искрено сметав дека се подобри- па дојдов до заклучок дека проблемот не е кај претприемачите; ние само го немаме вистинскиот калибар на финансиери за претприемништво“, објаснува Мејер.
Првиот вторник стана место за средба за венчр капиталистите кои бараа претприемачи од онлајн и секторот за технологија. Мрежата оперираше во 17 европски градови и стана толку успешна што беше продадена за 33 милиони фунти на израелската фирма Јазам во 2000 година- а инвестицијата на Мејер на овој бизнис беше проценета на 35.000 фунти.

Поддршка за претприемачите

Со продажбата на нејзиниот бизнис, Мејер продолжи да ги развива своите идеи за истражување во претприемништвото. Таа силно верува дека на овој сектор му се потребни венчр капиталисти со искуство во индустријата и разбирање за се она што е потребно за да се направи старт ап. Во основа, претприемачите да ги поддржуваат претприемачите.
Ова е бизнис моделот кој стои позади нејзината компанија во Лондон, Ариадне Капитал, кој и донесе многу победи во текот на изминатите години. Некои од најдобрите и први клиенти во нејзината фирма беа и Espotting, Skype и Monitise, со основачи на компании како Hotmail, BetFair и WorldPay како први акционери.

„Кога ја отворив Ариадне Капитал во 2000, никој дотогаш немаше вградено група од претприемачи во својата основа на една инвестициска фирма. Во изминатите 15 години, ние направивме преку 350 милиони фунти инвестиции, плус сега имаме наш сопствен фонд, а нашата инвестициска платформа продолжува да расте“ , изјави Мејер за European CEO.

Создавање на борба

За да ја прошири својата визија на претприемачкиот дух базиран на економија, Мејер лансираше 20 милиони вреден венчр фонд во 2009 година, со кој се инвестира во претприемачи со седиште во Велика Британија кои имаа можност да станат “менувачи на играта“. Таа смета дека борбата во рововите, рамо до рамо со претприемачите, е нејзината клучна мотивација- без разлика дали таа има работа со секси старт ап бизнис или нешто помалку гламурозно – се има потенцијал, с$ додека претприемачот е во тоа за да постигне нешто подобро.
„Во овој бизнис сум да ги најдам тие ретки луѓе кои знаат да комуницираат, имаат моќ во технологија, ги впрегнуваат финансиските услуги и ги водат тимовите, а потоа гледам како тие стојат на пазарот – она што ние го нарекуваме екосистем економија. Нашата инвестициска рамка е базирана на тоа дека технологија ја помага можноста да ги трансформира индустриите во еко системи“, објаснува Мејер, и додава дека технологијата е клучна индустрија во секој широко- базиран раст.
„Па што значи тоа дека светот тргна кон вмрежувања? Значи дека ниту една индустрија не оперира линеарно. Ние учествуваме во трансакции со три или четири страни и тоа вмрежување значи дека има вид на експоненцијален раст. Јас сум заинтересирана во бизниси кои растат за да го имаат тој растечки елемент кој е воден од технологијата денес“.

Julie Meyer Founder and Chief Executive Officer of Ariadne Capital Ltd. Interview

Заклучив дека не е проблемот во претприемачите; едноставно го немавме вистинскиот калибар на финансиери за стартапите

Бизнис за сите

Во однос на ова, Мејер нема намера да запре. Во 2012, таа објави книга и онлајн форум, Entrepreneur Country, кои им помагаат на бизнисмените да пловат во денешната економија. Таа очекува да го прави истото во годините што доаѓаат, но со поголема платформа, со поголем капацитет и по можност со повеќе луѓе кои ги делат нејзините погледи во областа на претприемништвото. Со други зборови, таа сака да победи.
„Ние сите сме слушнале за трагедијата на многумина дека сите се трудиме да земеме, но сметам дека многу поинтересно е ако сите седнеме заедно на една маса и дискутираме како можеме да направиме масата да порасне, дали може да направиме да порасне многу, може ли да ја направиме на тој начин што економијата само ќе се проширува. Јас слушам кога луѓето велат „мобилното банкарство- може да им помогне на 3 милијарди луѓе околу светот“, вели Мејер.

Мејер не верува во оправдувања. Судејќи според нејзиното искуство, парите ги следат идеите- без разлика каде или кои се претприемачите, кои имаат храброст да ги поддржат своите идеи и не се грижат дали парите ќе ги најдат. Во најмала рака, ова е искуството на Мејер досега.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×