CEO Profile: Хелге Лунд, BG Group – Специјалист за нафтени компании
Објавено на од во луѓе и компании
Хелге Лунд има беспрекорна репутација во нафтената индустрија поради постигнатите резултати, односно методите на работа. Но, тој треба да ги оправда високите примања кои ги добива од неговиот нов работен ангажман во британската BG Group.

 

„Би сакал да му се заблагодарам на Хелге Лунд за трудот кој го вложи за време на десетгодишниот мандат во Statoil“, напиша претседателот на Statoil, Свеин Ренемо.
По преземањето на контролата во Statoil на 16-ти август 2004, Лунд ја предвиде годишната дивиденда од 11,2% – 2,3 процентни поени над индустрискиот просек и раст на пазарната капитализација на компанијата од 22 до високи 59 милијарди евра. Исто така, тој успеа да го зголеми производството на меѓународно ниво дури петкретно.
Овој норвешки менаџер се прослави откако одигра важна улога во зацврстување на статусот на фирмата како една од најголемите нафтени компании во светот мерено по приходите.
„Под негово ракводство, Statoil стана моќна компанија“, вели Ренемо.
Како и да е, дискутабилно е што е најимпресивно од се’:дали тоа што Лунд успеа да создаде моќна компанија, или пак, тоа што во рок од 10 години стана светски лидер во енергетскиот сектор како еден од најголемите економски придонесувачи во целиот регион. Можноста да се справи со побарувачката на пазараот го направи Лунд едно е од најбараните имиња во бизнис фелата. Но, откако беше на чело на Statoil дури четвртина од својот животен век, во октомври 2014 беше назначен за извршен директор на британскиот гигант BG Group. Само за прифаќање на понудата Лунд се стекна со 12 милиони фунти, а дополнително му е загарантирана заработувачка од 13,5 милиони фунти на годишно ниво.
„Учинокот на Хелге зборува многу за него. Тој создаде светско портфолио на Statoil и денеска компанијата е широко прифатена поради бројните технички експертизи, финансиски перфоманси и вреднуваната култура“, пишува претседателот на BG Group, Ендру Гулд во својата изјава.
„Хелге е идеалната фигура кој треба да ја води BG Group во една наредна фаза од нејзиниот развиток, односно да го забрза процесот на создавање на вредност за нашите акционери, додека испорачува бизнис-планови за нашата групација. Јас и управата сме задоволни што го назначивме Хелге на оваа функција“, пишува Гулд.
Како нов извршен директор на BG Group, Лунд отвора едно ново поглавје во својата кариера, а тоа може да биде почеток на една блескава ера на самата компанија.

Од скромни почетоци до врвот во нафтената индустрија

Лунд е роден далеку од Осло во 1962 година, од татко психијатар и мајка управител. Пред успешната кариера, Лунд дипломира на Норвешката школа за економија и бизнис администрација во Берген, а потоа заминува за Франција за да се стекне со диплома од престижната бизнис школа „INSEAD“. По студиите, тој се впушта во водите на политиката и бизнис-консалтингот. Најпрво работи како политички советник на парламентарната група на Норвешката конзервативна партија, а подоцна како консултант на McKinsey & Co. По успешните мандати, во 1993 тој се приклучува на фармацевтскиот производител „Hafslund Nycomed“, а подоцна на „Aker RGI Holding“.
Во 2004 станува дел од Statoil, која од локалната компанија успеа да ја претвори во светски индустриски гигант.

Десетгодишното искуство во Statoil може да се окарактеризира како трансформација и создавање вредноста. Фокусирајќи се на глобалното проширување, тој започнува една нова стратегиска насока на компанијата. Без страв од центрите на моќ во индустријата, Лунд за краток период успева да создаде интернационален имиџ на Statoil.
Сето тоа траеше до крајот на 2006, кога компанијата поднесе бизнис предлог за заедничко делување со „Norsk Hydro“. Со овој договор вреден 30 милилјарди долари, производството на нафта и гас на новиот комбиниран субјект се зголеми на 1,9 милиони барели дневно.
„Бордот на директори на Statoil и Norsk Hydro веруваат дека оваа комбинација ќе создаде една меѓународна компанија за гас и нафта од Норвешка, која ќе биде многу помоќна на глобалниот пазар, а со можност да го забрза растот и да ја предизвика конкуренцијата во глобалниот енергетски сектор, односно да достави долгорочни вредности на акционерите.“
Откако во мај 2007 Европската Унија официјално го одобри предлогот, спојувањето беше обележано како почеток на едно ново поглавје во норвешката нафтена индустрија. Новиот правен субјект, на чие чело беше Лунд, се фокусира на зголемување на перспективите на меѓународно ниво.

Јакнење

Во годините кои следеа, Statoil значително инвестираше во нафтените полиња лоцирани во Бразил и Канал, пред да постигне договор со „Anadarko“ вреден околу 1 милијарда долари. Во него беше опфатено искористување на ресурсите од две наоѓалишта длабоко под океанот, надвор од Мексиканскиот залив.

Најголемиот напредок се случи кога Statoil ги откри новите наоѓалишта на нафта во 2011, кои до денес важат за најимпресивни резерви на овој енергенс. Тие претставуваа можност за зголемено производство помеѓу 500 милиони и 1,2 милијарди барели нафта.

Меѓу најимпресивните достигнувања на Лунд се оние од 2012 година, кога компанијата започна соработка со рускиот гигант Rosneft. Договорот предвиде искористување на милијардите тони нафта „заробени“ во Арктикот. Но и покрај неубедливите наоди во овој дел на светот, партнерството помеѓу компаниите продолжи, а како следна дестинација беше наведено Баренцовото Море.

Оттука стана и јасна визијата на Лунд за подобрување на меѓународното влијание на компанијата, која започна да исплаќа дивиденди.
„Начинот на којшто ние работиме е значаен во насока на остварување на нашите цели. Веруваме дека конкурентното враќање е достигнато преку вредности засновани врз културата, строгите етички барања и кодексот на однесување.“ – пишува на веб-сајтот на компанијата.
Во еден свет, каде многумина би се откажале од позицијата која ја има Лунд за сметка на профитот, тој ја задржува одговорноста како клуч за секој успех.
„Лунд јасно ја покажа својата посветеност кон транспарентноста во заштита на бизнис-интересите на акционерите.“ – пишува на сајтот.

Тимски играч

Другиот принцип на менаџирање кој Лунд го користи е тимската работа, која како што вели, претставува императив доколку компанијата го достигне целиот потенцијал.
„Ниту еден поединец нема да успее без да биде добар во соработката. Ова мора да биде една од најјасните пораки од корпоративниот менаџмент на сметка на итната потреба за различните професионални групи работници, за решавање на сложените прашања со кои се соочуваме. Акцентот го ставаме на соработката и таа одлично се вклопува со општото скандинавско сфаќање за отвореност за соработка“, вели Лунд за „Word od CEOs“.
Согледувајќи дека растот на секоја компанија не е работа на неколку поединци, туку на колективот, филозофијата на Лунд вели дека секој еден вработен мора да биде одлучен кога станува збор за подобрување на репутацијата и профитабилност во компанијата.
Со придржување кон добра избрана стратегија, Лунд ја претвори Statoil во компанија со докажан капацитет, предвидувајќи импресивни приходи за идниот период. Во 2011 година „Statoil“ го презентира долгорочниот раст, во којшто објави дека производството ќе скокне од 1,9 милиони барели на ден во 2010, до преку 2,5 милиони во 2020.
„Направивме значаен стратегиски прогрес и ја докажавме способноста да испорачаме компетативно враќање од IPO-то во 2001. Со преимиум портфолио и силна посветеност која се потпира на компетативната сила на компанијата, ние го продолжуваме нашето патешествие“, пишува Лунд за време на извештајот.
Вработените во „новата“ компанија на Лунд, BG Group, се надеваат дека тој ќе го повтори успехот кој го имаше со Statoil. Неговата плата е седум пати поголема отколку во норвешкиот државен нафтен гигант.
„BG Group е компанија – сплет на средства и можности. Гледам да се приклучам на оваа организација и да работам со луѓето во BG Group со цел да ja развиеме компанијата и да го искористиме нејзиниот потенцијал“, тврди Лунд.
Со филозофијата на работа и соодветна стратегија, нема причина зошто успехот на Лунд не би се повторил токму во неговата „нова дестинација“ BG Group.

BG group

BG Group

1997
основана

19 милијарди долари
приход во 2013 година

5.713
вработени

25
земји во кои што има бизнис операции

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×