CEO Profile: Јоханес Тајсен,  E.ON –  Човек за радикални промени
Објавено на од во луѓе и компании
Др. Јоханес Тајсен силно верува во обновливата енергија. Од 2010 година, па низ периодот на катастрофата во Фукушима, тој ја предводи E.ON во преминот од нуклеарни кон одржливи извори на енергија. Неговото реноме во енергетскиот сектор е сосема заслужено, а најимпресивна од сe’ е неговата желба да иницира радикални и прогресивни промени во индустрија, која традиционално покажува желба да експлоатира фосилни горива.

Германската компанија E.ON, со седиште во Дизелдорф, на почетокот од 2015 стана првата од шесте енергетски компании присутни во В.Британија која ги намали цените на услугите, а своите заштеди ги префрли на потрошувачите. Со намалувањето од 3.5% на стандардната тарифа за гас, компанијата ја зацврсти својата репутација на пазарот. Одлуката е само мал дел од пошироката корпоративна стратегија фокусирана на капитализација на промените во полза на обновливите извори на енергија и новите одржливи технологии.
Е.ON упати низа критики на сметка на енергетските компании, кои не успеваат да ја оправдаат постоечката „дупка“ помеѓу големопродажните и малопродажните цени, обидувајќи се да ги смири милионите незадоволни потрошувачи.
„Додека цената на нафтата опаѓа, а онаа на гасот е нестабилна, се очекува натамошно зголемување на цените на не – енергетските трошоци кои ги сочинуваат сметките на потрошувачите, а врз кои немаме контрола“, вели Тони Кокер, извршен директор на E.ON UK, велејќи дека се преземаат чекори за намалување на цената на стандардната тарифа за гас.
Иако овој став е карактеристичен за E.ON, сепак кредибилитетот на компанијата останува непроменет. Извршниот директор, Јоханес Тајсен, и неговиот менаџерски тим, покажаа дека се способни да маневрираат на енергетскиот пазар.

Нов предизвик

Денес кога индустријата влегува во едно ново и порадикално размислување, фокусот на Тајсен е насочен кон обновливите извори на енергија и волјата да се укаже на брзата и прогресивна промена на компанијата. По успешниот период поминат во компанијата, пролетта 2010 тој е назначен за извршен директор. Тајсен покажува одлучност при менувањето на два членови во Управниот одбор на E.ON. Неговото именување е одбележано и како клучно за компанијата, фокусирајќи се повеќе кон обновливите извори, наместо кон нуклеарната енергија.
Кризата во Фукушима покажа дека зависноста од нуклеарна енергија може да има катастрофални последици. Во таа насока, германската влада ги објави своите планови за деактивирање на нуклеарните реактори пред 2022 година. Сепак оваа промена не помина без последици, а откажувањето од овој енергенс ја чини германската економија повеќе милијарди евра.

Обновен фокус

Тајсен смета дека насочувањето кон обновливите извори на енергија претставува „голема можност“ за земјата. Во 2013, тој се приклучува на деветте регионални водечки менаџери од Секторот за енергетика, кои предупредуваат на енормно високите субвенции кои се даваат на компаниите.

Дел од критичарите го вперија прстот кон Тајсен, потенцирајќи дека тој од поoдамна требало да го препознае потенцијалот на обновливите извори на енергија. Но тој и натаму има импресивни оценки во енергетскиот бизнис, особено во оваа област. Иако E.ON изгуби милијарди евра поради постепеното нуклеарно деактивирање на Германија, сепак компанијата во овој момент има различна вредност поради промена на насоките и инвестирањето во новите енергетски можности.

Всушност, неговиот успех беше толку импресивен, што во 2013 година компанијата одлучи да го продолжи неговиот договор за уште пет години. Е.ON доминираше на пазарот за фосилни горива и нуклеарна енергија, а промената на приоритетите и насочување кон обновливите извори, создаде лидер во енергетскиот сектор.

Тајсен долги години ја потенцира својата поддршка за чистата и обновлива енергија, преземајќи значајни чекори во насока на заштита на животната средина и иднина во која ќе има мала емисија на штетни гасови.

„Ние, компаниите, владите и невладините организации, треба да работиме на неопходните енергетски проекти. Ние сносиме одговорност за генерациите кои доаѓаат. Компаниите кои се неодговорни, не го имаат видено патоказот кон иднината. Инвестирањето во чистата и обновлива енергија не е луксуз за нас“, вели Тајсен.

Раздели па владеј

Во текот на 2014 компанијата донесе контроверзна одлука, со која Е.ON беше поделена на два засебни ентитети. Едниот е насочен кон фосилните горива, додека другиот кон обновливите извори на енергија. Овој чекор беше одбележан како најaмбициозен од која било друга европска компанија, потенцирајќи ги амбициите на Тајсен да направи нова и одржлива стратегија.

„Ние сме убедени дека оваа одлука е потребна за да одговориме на драматичните измени на глобалниот енергетски пазар“, изјави Тајсен, откако компанијата ја претстави новата корпоративна стратегија.
Одлуката на Тајсен претставува прилагодување кон потрошувачкиот апетит и глобалниот премин кон алтернативните извори на енергија со ниска емисија на штетни гасови.
Новата диверзификација на E.ON ќе се заснова врз обновливите извори, односно кон надградба на мрежата за енергетска дистрибуција на европските пазари. Компанијата ќе ги искористи годините кои доаѓаат, за да ги преземе неопходните чекори за новите предизвици.
„Ние цврсто веруваме во тоа дека создавањето на две независни компании, од кои секоја ќе има различен профил и мисија, е најдобар начин да се обезбедат работни места за вработените. Нашата нова стратегија не се однесува на отпуштање работници“, вели Тајсен.
Откако ќе бидат преземени неопходните чекори за надградба и реконструкција на компанијата, Е.ON ќе биде рангирана меѓу водечките регионални гиганти и ќе биде клучно име во презентирањето на новитетите од областа на обновливите извори на енергија на пазарот.

Во иднина

Променетиот фокус на E.ON со себе носи и големи инвестиции, или како што ветуваат од компанијата, подигање на буџетот за петстотини милиони евра во насока на проширување и зајакнувањето на соларната понуда на европскиот пазар. Исто така E.ON планира да ја надгради веќе импресивната европска мрежа за дистрибуција на енергија, со цел да го подобри пристапот до новите продукти и услуги.
Сепак новиот фокус на E.ON не се ослонува само на обновливите извори, туку и на енергијата од конвенционални генератори.
„И во иднина, трансформацијата на енергетскиот систем ќе продолжи да бара поверливи „бек-ап“ капацитети, како и пристап до глобалните пазари за енергетски продукти. Со портфолио кое се состои од конвенционални генератори на енергија, глобална енергетска трговија и истражување и производство, новата компанија ќе се фокусира на задоволување на овие потреби“, вели Тајсен.
Во последните години, E.ON создаде голема мрежа на европскиот пазар за гас, и преку фокусирање на инфраструктурните подобрувања и енергетска ефикасност, таа треба да одигра голема улога во експлоатацијата на познатите „богатства“ на континентот. Со веќе импресивното портфолио за работа со гас, новата компанија, која ќе има седиште во Рајнско- рурскиот регион, е добро опремена да ги задоволи секундарните потреби на енергетското опкружување кое се развива и менува.
Реномето на Тајсен во енергетскиот сектор е сосема заслужено, а најимпресивна од се е неговата желба да иницира радикални и прогресивни промени во индустрија, која традиционално покажува желба да експлоатира фосилни горива. Со измените во корпоративната стратегија, Тајсен се откажува од лесната и позната задача заснована на резервите на нафта и гас и наместо тоа, тргнува по потешкиот пат на обезбедување на одржлива иднина за компанијата и за глобалната економија.

E.ON во бројки

2000 година
основана со спојување на енергетските компании VEBA и VIAG

79.000
вработени

112 милијарди евра
приход во 2014 година

2016 година
компанијата ќе биде поделена на два дела

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×