CEO Profile: Паскал Сорио, AstraZeneca – Враќање кон иновациите
Објавено на од во луѓе и компании
Кога Паскал Сорио дојде на чело на AstraZeneca, компаниските профити беа во слободен пад. Сега, фармацевтскиот гигант е во доволно силна позиција да одбива дури и лукративни понуди за преземање.

Кога Паскал Сорио беше назначен за извршен директор на AstraZeneca во 2012 година, фармацевтскиот гигант беше во лоша “здравствена состојба“ во споредба со нејзините европски конкуренти. Една од главните причини за падот на профитите – пад од 31% во 2012 година – беше истекот на периодот на ексклузивноста на голем број фармацевтски патенти, вклучувајќи го и Crestor (за борба против холестеролот) и Nexium (лек против болки во стомакот), без да има нови продукти што ќе ги заменат. Накусо, AstraZeneca, долго време не инвестираше во истражување и развој како што треба. Ова беше “дијагноза“ која што Сорио мораше веднаш да ја постави.
Прво, тој објави дека компанијата ќе мора да отпушти околу 2.300 вработени. Мнозинството од овие луѓе беа вработени во производните погони на AstraZeneca. Тој предложи рефокусирање на иновациите во областа на срцевите заболувања, дијабетес, онкологија, респираторни болести и воспаленија. Исто така, објави планови за забрзување на експанзијата на Moderna, биотехнолошка компанија и соработката со Karolinska Instutet универзитетот од Шведска.
Друга иницијатива беше да се пресели седиштето на компанијата каде што е центарот за истражување и развој во Кембриџ, В.Британија, кој што со децении е расадник на перспективни, талентирани научници. Резултат од овој потег би било, рече тој, лансирање на 10 нови лекови до 2020 година. И на крајот, предложи AstraZeneca да се насочи кон пазарите во развој, главно Кина, регион што во време на неговото назначување за шеф на компанијата, “тежеше“ околу 4,4 милијарди долари.
Сорио исто така мораше да донесе неколку тешки одлуки околу реструктурирањето на бизнис операциите на AstraZeneca. Една од тие одлуки беше да се затвори капацитетот за истражување и развој во Алдерли Парк, Британија. Но, овој чекор беше дел од неговиот план за понатамошен развој на компанијата како целина. Во 2013-та, AstraZeneca отвори нов, ултра-современ, центар за истражување и развој во Кембриџ, овозможувајќи им со тоа на научниците вработени во компанијата да имаат полесен пристап до изобилството на академски персонал и претприемачи во овој престижен универзитетски центар.
Сорио рече во таа прилика дека “Кембриџ ќе биде дел од научно-истражувачки центар, опкружен со најпрестижните институции во светот“.
“Златниот триаголник на Кембриџ, Оксфорд и Лондон може да се натпреварува на глобалната сцена. Ние сме многу посветени на тоа да бидеме во овој Златен триаголник, тоа е едно од најпрестижните места во светот“.

Посветеност кон развој на нови лекови

Во 2013-та, Сорио реши да го заживее развојот на лекот против рак на јајцеводите, Olaparib, кој што беше ставен во фиока откако не успеа да ја помина втората фаза од тестирањето. Тој рече: “Кога го видов Olaparib,тоа за мене беше јасен пример на добра наука споена со лош менаџмент.. Што е клучно, тимовите задолжени за комерцијализација на лекот, не беа доволно енергични“. Денес, откако фирмата го врати фокусот на онкологијата, лекот е меѓу најветувачките продукти, како во делот на третманот на канцер, така и во поглед на потенцијалот што го има да ја инсталира AstraZeneca повторно како предводник во развојот на лекови против канцер.
Уште еден продукт, Brilinta, лек развиван за третман на срцеви заболувања, беше ставен во фиока пред Сорио да стане директор. Но, денес, откако развојот и истражувањето повторно се ставени на прво место во фирмата, Сорио предвиде дека лекот ќе донесе приходи од речиси три милијарди долари до крајот на 2014-та.
Како своевиден печат на посветеноста на Сорио да се засили истражувањето и развојот, AstraZeneca насочи 50% од истражувањето кон биологијата, а исто така ги разгледува опциите за изнесување на овие производи на пазарот. Сорио рече: “Направивме добар прогрес, до 2016 планиравме девет проекти да бидат во последна фаза од развојот, но ќе имаме 12“.
Сорио исто така истакна дека AstraZeneca ќе се насочи многу поагресивно кон пазарите во развој. Тој верува дека фирмата има многу што да понуди во регионите како што е Југоисточна Азија, каде што доста чести се кардиоваскуларните болести и дијабетесот, но во моментов не се искористени потенцијалите од поголемите фармацевтски играчи.

Спојувања и преземања

Сорио има искуство во спојувања и преземања на компании, почнувајќи со преземањето на Roussel Uclaf од страна на Hoechst. Исто така беше вклучен и во зделката кога се продаде Aventis на Sanofi. Неговиот претходник во AstraZeneca, Дејвид Бренан, настојуваше да го премости недостигот на истражување и развој преку аквизиции, првенствено со идејата за купување на Medimmune, американска биотехнолошка фирма. Зделката, меѓутоа, не наиде на добар одзив кај инвеститорите и спојувањето практично никогаш не ги даде ефектите. Откако го назначија за извршен директор, Сорио рече сфати дека интеграцијата не функционира и нареди децентрализација на Medimmune, и нејзино реинсталирање како автономна подружница.
Во април 2014-та, американскиот фармацевтски џин Pfizer понуди 87 милијарди евра за преземање на AstraZeneca. Но, Сорио не беше заинтересиран. Во суштина, понудата беше многу добра, но тој мислеше дека има подобар план. А, клучната компонента на тој план се вика AZD9291, фармацевтска состојка што може драматично да ја редуцира големината на туморите на белите дробови, и веројатно, со понатамошно тестирање, и останати типови на канцер. Сорио рече дека ова е состојка што би можела од лабораторија до пациентите да стигне за рекордно кратко време. “Ова би можело да биде најкраткиот развој на еден лек во индустријата“. А, комерцијалниот ефект од AZD9291 е предвиден на 2,2 милијарди евра од продажбата. И додека Pfizer го заскокотка светскиот фармацевтски бизнис со својата понуда, Сорио прогнозираше дека компанијата што ја води треба да има 33 милијарди евра годишен приход до 2023 година. А, таа бројка ги убеди инвеститорите и акционерите дека компанијата подобро ќе се снајде сама, одошто во составот на поголема “ајкула“ од неа.
AstraZeneca

AstraZeneca

1999
формирана со спојувањето на шведската Astra и британската Zeneca
18,8 милијарди евра
приход во 2013

1,88 милијарди евра
чиста добивка во 2013

50.000
вработени

7-ма
најголема фармацевтска компанија во светот според продажба

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×