CEO Profile: Штефан Винкелман, директор на Ламборгини
Објавено на од во Автомобилизам
Помина половина век откако Ламборгини (Lamborghini) за прв пат го растресе светот на автомобилите, но со поставувањето на Штефан Винкелман на местото извршен директор, компаниското тркало на среќата целосно се заврте

 

Да се менаџира еден од најлуксузните брендови на автомобили од Италија е позиција која врши огромен притисок, но за Штефан Винкелман ова е врвот во неговата кариера во автомобилската индустрија која кулминираше во тоа тој целосно да ја ре-обнови позицијата што Ламборгини претходно ја имаше.
Компанијата основана во 1963 година, помина речиси три декади на криза се додека не беше купена од германскиот гигант Фолксваген во 1998. Винкелман, Германец пораснат во Италија, го презеде кормилото на компанијата во 2005 година и оттогаш повторно почнаа рекордни продажби.

Прва брзина

Роден во Берлин во 1964 година, Винкелман се пресели во Италија со неговото семејство кога тој беше мал и порасна во Рим. Тој студираше политички науки во Рим, а по неговите студии помина неколку години во германската армија како падобранец, каде стигнал до звањето поручник.
Неговата кариера започна во 1991 година во германската финансиска институција за услуги МЛП, пред тој да го фокусира своето внимание на автомобилската индустрија. Ова му донесе позиција во германскиот автомобилски гигант Мерцедес Бенц, пред да премине во италијанската автомобилска компанија Фиат во 1994. Тука тој помина декада во маркетинг секторот и секторот за продажба, базиран и во Италија и во странство. Тој стигна до позицијата извршен директор на Фиат во одделот за Австрија, Швајцарија и Германија, па се сели во италијанскиот град Болоња на почетокот во 2005 година каде доаѓа на сега актуелната позиција во Ламборгини како извршен директор и претседател на групацијата.
Признанија за неговите достигнувања во враќањето на гордоста на познатиот италијански бренд за автомобили по прв пат доаѓаат во 2009 кога Винкелман беше награден со признание од италијанската влада.

Експертиза

Пресвртот во среќата на Ламборгини изминатава декада се поклопи со менаџирањето на Винкелман. Во едно интервју, тој зборува за тоа што досега успеале да го постигнат: “Сметам дека тоа што ние го направивме во последните 10 година не е ништо помалку од одлично кога станува збор за автомобилската индустрија. Ако ги погледнете бројките, ние три пати го зголемивме производството во последната декада, што значи дека во овие десет години сме направиле продажба која е две третини од целокупната продажба на Ламборгини во изминатите 50 години”.
Специфичноста во водењето на бренд за луксузни автомобили за разлика од онаа кај традиционалната автомобилска индустрија е да се знаат трендовите и што е она што сега е во мода. Минатата година, Винкелман рече: „Вообичаено во автомобилскиот бизнис, работите се сведуваат на максимизирање на приходот и маржите – значи треба да работите само на тоа да ги вратите инвестициите. Кај компаниите за луксузни автомобили ова е многу тешко оти работите за специфичен пазар. Не можете да го максимизирате профитот оти во луксузниот бизнис, комбиниран со автомобилски бизнис, не само што се’ е посложено туку треба многу време и пари да посветите на истражување и развој.”

„Може да бидат потребни многу години за да произведете автомобил, па дури потоа конечно да може да ја продавате, и вие секогаш знаете дека бројот е ограничен на автомобили кои ќе ги продадете. Затоа треба да ја познавате автомобилската индустрија, но исто така да ја познавате и природата на луксузниот бизнис кој се фокусира да продаде помалку од тоа што се бара. Работата е во креирање на имиџ и мистичност околу се’ она што го правите бидејќи брендот секогаш треба да биде многу повеќе отколку самиот продукт“.

Контрола на брзината

Дискутирајќи за патот на неговата кариера, од студент на политички науки до врвната позиција на еден од водечките брендови за луксузни автомобили, Винкелман вели: “Секогаш го работев она за што имав интерес. Многу ги сакав моторите кога бев дете. Сакам работи кои се технолошки предизвик. Сакам работи кои имаат бренд па затоа мислам дека автомобилската индустрија е најсложена индустрија, бидејќи го имате она што е во мода комбинирано со многу големи инвестиции помешани со високо ниво на последни технологии и инженерство. Потоа го имате маркетингот, продажба и после продажба. Сметам дека не постои продукт што е толку сложен, предизвикувачки и интересен во исто време. Среќен сум и горд да бидам дел од Ламборгини“.

Иако неговото образование е сосема различно од она што тој денес го работи, Винкелман вели дека никогаш не бил со намера да оди во политика: „Што се однесува до моите студии по политика и како завршив на такви студии, има повеќе коинциденции. По студиите никогаш немав намера да одам во политика или да останам на факултет. Сакав да најдам нови работи, нови предизвици“.
Винкелман вели дека комбинацијата од неговото германско и италијанско наследство му дале важна меѓународна перспектива на правење бизнис: „Работев за германска фирма 11 години и потоа преминав во германската автомобилска индустрија. Сметам дека има нешто повеќе во мене од само тоа што сум роден Германец пораснат во Рим. Мора да имате и меѓународен пристап, и всушност јас верувам дека менаџерите не треба да гледаат во пасоши, туку во вештини и страст“.
Тој додава: „Она што го преземав од италијанската култура е креативноста и страста која тие ја имаат, како и флексибилноста. Од германска страна пак, е довербата, нивото на организација и прецизноста во работите кои ги правам. Мислам дека очекувам многу од луѓето со кои работам, и тие тоа го знаат. Во исто време, мислам дека и тие знаат дека може во секое време да сметаат на мене – дека јас сум овде, дека сум одговорен кога е потребна соработка или совети. Тоа е многу важно“.

 

Lamborgini

Ламборгини

1963
основана

2012
произведени возила во 2013-та

458
милиони евра приход во 2013-та

830
вработени

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×