CEO-то на JPMorgan: Биткоинот е измама
Објавено на од во hi-tech & business

Генералниот извршен директор на инвестициската банка JPMorgan, Џејми Дајмон, на глобалната банкарска конференција на Barclays во Њујорк, вчера говорел, покрај останатото, и за биткоин пазарот, со не баш убави зборови. Како што пишува Bloomberg, Дајмон рекол дека кога некој од JPMorgan би почнал да тргува со биткоини веднаш би бил отпуштен, „и тоа затоа што тоа е против правилата, и зашто е глупав. А двете работи се опасни“. Но, подоцна, и самиот Дајмон признал дека неговата ќерка инвестирала во биткоин.

Генерално, овој банкар го смета за измама биткоин пазарот, и за голем инвестициски шпекулативен меур, дури и најголем во историјата. Ситуацијата во која вредноста на биткоинот од почетокот на годината порасна за скоро 4 пати „нема да заврши добро“, вели генералниот извршен директор на JPMorgan.

Банкарите веруваат дека вака брзиот раст на вредноста е главен знак оти се работи за шпекулативен меур, како што неодамна рече и нобеловецот Роберт Шилер. Дополнително, недостатокот на државни институции што стојат зад овој вид пласирање пари, исто така, банкарите го сметаат за опасно и неодржливо.

„Некој еднаш ќе погине, и тогаш државата ќе се вмеша, како сега во Кина“, предвидува Дајмон.

Што се однесува на блокчеин технологијата, Дајмон е оптимист и смета дека банките со време ќе ја прифатат како многу корисна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×