CES 2019: Сè што видовме, од 8K телевизори до неверојатни лажни хамбургери
Објавено на од во hi-tech & business

FOto glavnaСаем за потрошувачка електроника – Лас Вегас

Телевизори коишто излегуваат од шкафот. Роботски нозе што ви помагаат да одите. Стапче кое “ги брише” кожните флеки. Вкусна плескавица без месо – и, се разбира, паметен тоалет. Сето ова и многу други новитети можеа да се видат во Лас Вегас од 8 до 12 јануари на Consumer Electronic Show 2019, најголемиот светски саем за потрошувачка електроника, којшто секоја година во првиот месец го окупира “градот на гревот“. CNET, Wired и останатите најрелевантни светски медиуми за технологија поминаа цела недела за да го покријат технолошкото шоу вдолж и попреку, а ние направивме преглед на нивните впечатоци и издвоивме за вас она што ни беше најинтересно од технолошките новитети што ќе ја одбележат 2019 година, но и понатаму.

 


Foto1Google доминираше насекаде, но Apple, Samsung и „невозможната плескавица“ го украдоа шоуто

На CES во Лас Вегас годинава не можеше да мрднете никаде без да ги видите натписите Google. Компанијата ги претстави мноштвото надградби на својот Google Assistant,а речиси секоја друга компанија изложувач на саемот зборуваше за компатибилноста на “асистентот“ со своите продукти.

Големиот ривал на Google, Alexa, асистентката на Amazon исто така се наметнува веќе како стандард, и беше достапна речиси во сите продукти каде што и Google е присутен. Apple, иако не беше присутен официјално во Лас Вегас, преку своите партнери ги претстави AirPlay и HomeKit решенија, додека телевизорите на Samsung на пример, ќе понудат дури и видео апликација за iTunes. Samsung пак, во меѓувреме, фрли “бомба“ кон крајот на шоуто со објавата дека нетрпеливо очекуваната Galaxy S10 линија на смартфони ќе биде официјално претставена во Сан Франциско на 20 февруари, заедно со телефонот на превиткување, исто така.

Сепак, веројатно ѕвезда на саемот за која никој не можеше да престане да зборува (и да јаде) беше новата верзија на Impossible Burger (невозможната плескавица). Втората подобрена верзија на оваа плескавица направена од растителни продукти толку многу потсетува со вкусот на вистинско месо, што еден од уредниците на CNET.com, Џоан Солсмен, инаку вегетаријанка, кога го проба, рече: „Немам јадено телешко веќе десет години, а ова е толку блиску до реалниот вкус што ми се згади. Ова мислам дека е комплимент за творците на Impossible Burger“.

 


FOto25G: Многу муабети, но речиси никакви продукти

5G, супер – брзата мобилна технологија од петтата генерација којашто треба да стартува во повеќе земји годинава, беше една од главните теми на муабет во Лас Вегас годинава, но само и на муабет остана. Изложувачите не понудија многу опрема прилагодена на 5G технологијата, освен неколку модели на телефони. Со оглед на тоа што Mobile World Congress што претстои во Барселона на крајот од февруари годинава фокусот ќе го има токму на мобилната телефонија, а Samsung ќе ја претстави серијата Galaxy S10 неколку дена пред тоа, веројатно наплив од 5G уреди допрва ќе се случи.

 


Foto3Паметни домови: Google Assistant настапува сериозно

Во делот на технологијата за “паметни домови“(smart homes) Google имаше најголемо присуство на CES годинава, но исто така понуди и мноштво други интересни решенија, како Interpreter, на пример. Тоа е нова опција во рамки на Google Smart Displays и Google Assistant, која што веќе најде примена во некои хотели низ светот, помагајќи има на консиержите да се разберат со гостите на 27 различни јазици, така што ги преведува нивните разговори преку текст на екран или пак гласовно. A, во следниот период на светскиот пазар може да се очекуваат и еден куп други гаџети компатибилни со Google Assistant, благодарение на софтверот наречен Google Assistant Connect што ќе им помогне на девелоперите да креираат практични решенија.

 


Foto4Телевизори: 8К и изненадувањето од Apple

CES е местото каде што сите големи производители на телевизори се фалат со своите најнови продукти, но годинава летнаа навистина високо. Причина? 8К. Годинава за првпат на пазарот ќе бидат понудени ТВ екрани со резолуција поголема од 4К, а повеќето од 8К телевизорите ќе бидат со гигантски екрани. Samsung и Sony ќе продаваат 98 инчни 8К телевизори, LG се претстави со 88 инчен QLED, а сите овие уреди ќе бидат безобразно скапи. Најевтиниот 8К телевизор со досега позната цена ќе чини 5000 долари, а тоа е 65 – инчниот Samsung. Но, со оглед дека 8К содржина с$ уште нема, во моментов не постои причина да се трошат толку пари. Најголемото саемско изненадување според многумина дојде од Apple. За првпат досега компанијата објави дека го отвора својот екосистем за соработка со производителите на телевизори. Samsung, Sony, Lg и Vizio ќе може да работат со AirPlay 2 системот, којшто користи ајфони, ајпади или Mac компјутери за контрола на видео, музика и фотографии на телевизија преку бројни апликации.

 


Foto5Направете си ЕКГ со вашиот часовник

Со низа на продукти што ќе ви помогнат да бидете фит, да јадете поздраво или да си измерите притисок попрецизно, креаторите на health tech решенија имаа досега најголема промоција на CES. Продуктите од типот “измери си сам“вклучуваа и сетови со коишто може сами да си го проверите видот, елеци што ја мониторираат работата на срцето, нов часовник со ECG функција што е поевтин од оној на Apple и многу други. Беше претставена дури и справа за трчање во затворен простор дизајнирана така што енергијата од вашето трчање ја претвора во струја.

 


Foto6Роботи насекаде

Роботите беа насекаде на CES 2019. Имаше домашни роботи, работни роботи, роботи со глава, но без тело, роботи со тело но без глава, итн. Но, една работа е заедничка за сите нив: ќе бидат многу корисни во најразлични аспекти на нашите животи допрва. Forpheus, на пример, развиен од компанијата Omron, може да вежба пинг понг со вас, или пак роботите нa Samsung што го прочистуваат воздухот, го мониторираат вашето здравје или пак може да купуваат наместо вас.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×