Чарлс Буковски за работата од 9 до 5 и како го уништуваме својот живот
Објавено на од во ЛУЃЕ И ПРИКАЗНИ...
Луѓето едноставно се празнат. Тие стануваат тела во кои има исплашен и послушен ум. Бојата го напушта окото. Гласот станува грд. И телото. И косата. И ноктите. Чевлите. Сè станува грдо, пишува Буковски.
webpnet-resizeimage-copyПред да стане еден од најпознатите американски писатели, Чарлс Буковски, беше само еден изгубен човек со големи проблеми со алкохолот и голема желба преку пишувањето да се извлече од секојдневниот медиокритетски живот.
Буковски работел како поштар, а пред тоа бил вработен во фабрика за преработка на краставици. Ова го работел до 49-годишна возраст, а потоа издавачот Џон Мартин понудил доживотно да му плаќа 100 долари месечно, под услов да се откаже од работата и да се посвети на пишување.
Буковски напишал: “Имам два избора, да останам во поштата и да полудам или да си играм писател и да умрам од глад. Решив да гладувам”.
Потоа објавил шест романи и илјадници песни, а 17 години подоцна, во писмо до издавачот Мартин напишал за тоа како се чувствувал кога ја напуштил работата. Неговото писмо сега се шири повторно по социјални мрежи, и тоа со добра причина:
8 декември 1986
Здраво Џон. Ви благодарам за убавото писмо. Не е лошо понекогаш да се сетиме како сето тоа започна. Знаеш од каде дојдов. Дури и луѓето што се обидоа да пишуваат за тоа или да снимаат филм не успеаа да го пренесат. Тие го нарекуваат “од 9 до 5″.
Никогаш не е од 9 до 5, нема слободни паузи за ручек на такви места. Дотолку повеќе, во повеќето од овие работни места избегнувате одмор за да ја задржите работата. А тука е и прекувременото. И никако да им појде од рака, во книгите да го запишат прекувременото. И ако се пожалиш на сето тоа, секогаш постои некој наивко кој ќе дојде на твое место
Ја знаеш мојата стара изрека: Ропството не е искоренето, само се прошири на другите раси.
Тоа што најмногу боли е постепеното пропаѓање на човечноста на оние кои ги задржуваат работните места кои не ги сакаат, затоа што се плашат дека алтернативата е многу полоша. Луѓето едноставно се празнат. Стануваат тела во кои се наоѓа преплашен и послушен ум. Бојата го напушта окото. Гласот станува грд. И телото. и косата. и ноктите. Чевлите. Се станува грдо.
Кога бев млад не верував дека луѓето би можеле да го предадат животот на такви околности. Како старец, сеу уште не верувам. Зошто го прават тоа? За секс? Телевизор? Автомобил кој го исплаќаат на месечни рати? Поради децата? Деца кои ќе го работат истото што и тие?
Порано, кога бев млад, се шалтав од работа на работа, бев наивен и пробував да разговарам со работниците:
„Еј, шефот може во секој момент да влезе и да не отпушти сите нас. Едноставно ете така. Нели ви е јасно?“
И само ќе зјапаат во мене. Претставував нешто за што не сакаа да размислуваат. Во денешната индустрија постојат масовни отпуштања. Стотини ја губат својата работа, со зачудени лица. Велат: Дадов 35 години од животот, тоа не е во ред, не знам што да правам…
Никогаш робовите не плаќаат за да бидат ослободени. Им се дава таман толку колку да опстанат во живот и да се вратат на работа. Јас го видов тоа. Зошто не го гледаат и тие? Клупа во парк или опивање по барови ми се чинеше подеднакво добро. Зошто да не отидам таму пред други да ме испратат таму? Зошто да чекам?
Со гадење пишував против сето тоа. Ми беше олеснување да го исфрлам сето тоа од себе. И сега кога сум тука, таканаречен професионален писател, откако потрошив 50 години од животот, открив дека постојат и други гадења.
Се сеќавам кога работев во една фабрика, еден од колегите рече: „Никогаш нема да бидам слободен“
Еден од шефовите токму во тој момент поминуваше покрај нас. Се викаше Мори и развлече задоволна насмевка, уживајќи во факот дека негов колега е заробен до крајот на животот.
Имав среќа да напуштам едно такво работно место, без разлика на тоа колку ми било потребно, и тоа ме исполни со голема радост. Го пишувам ова со старо тело и стар ум, позади мене се времиња кога поголемиот број мажи сами допуштиле да продолжат со таквите работи, но поради тоа што почнав доцна, си должам сам на себе да продолжам.
А кога зборовите почнуваат да недостасуваат, и кога ќе мораат да ми помогнат да се качам по скали  и веќе нема да бидам во состојба да разликувам птица од спајалица, и понатаму нешто во мене ќе го памти тоа чувство, на кој начин сум поминал низ убиство, неред и мака, и сум доживеал барем да умрам на благороден начин.
Тоа што не сте го поарчиле животот во потполност, се чини како вредно достигнување, барем што се однесува до мене.
Твој Ханк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×