Часовникот отчукува за Грција. И остануваат 48 часа за спас од банкрот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека и покрај двете неуспешни средби е уверен дека во следните два дена ќе биде постигнат договор со еврозоната.

Варуфакис изјави дека документот кој им  бил претставен на грчките власти на вчерашната средба со министрите за финансии од еврозоната кој се одржа во Брисел не е истиот кој беше претходно подготвен од Европската комисија, заради што Атина одбила да го потпише.
“За жал документот е заменет пред почетокот на состанокот. И покрај нашата добра волја беше невозможно да го потпишеме тој договор бидејќи предвидува да се продолжува со сегашниот пакет на помош и задолжување и земјата”, изјави Варуфакис.

Сегашниот план за опоравување кој Грција го има истекува на 28 февруари, а на средбата во понеделникот Еврогрупата и постави ултиматум на Грција дека до крајот на неделата мора да побара продолжување на програмата за спас за да ја добие потребната финансиска помош. Грција се противи на продолжување на задолжувањата, бидејќи не сака да продолжи со мерките за штедење и бара период од четири до шест месеци во кој ќе бидат направени реформи во економијата кои ќе и донесат поголема финансиска самостојност на земјата.

Вторите по ред преговори кои вчера се одржаа помеѓу Грција и министрите за финансии од еврозоната завршија неуспешно откако грчките власти одбија да го потпишат шестмесечното продолжување на програмата за спас кој земјата го има со меѓународните кредитори. Европските министри за финансии и дадоа ултиматум до крајот на неделата да го потпише барањето за продолжување на програмата за спас, која истекува на крајот на месецот, во спротивност ќе остане без пари

Доколку не потпише продолжување на договорот Грција ќе се соочи со недостиг на пари да исплаќа плати и пензии, што се заканува да ја однесе земјата во банкрот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×