Connect with us

технологии / компании

Што вели вештачката интелигенција за иднината на криптото? ChatGPT ги предвидува 8-те најзначајни работи во следните 10 години

Што вели вештачката интелигенција за иднината на криптото

објавено

на

Од децентрализирани финансии (DeFi) до мејнстрим прифаќање, да видиме што одговори популарниот ChatGPT на прашањето “што ќе се случува во крипто индустријата следнава деценија?“

Иако сè започна со биткоин во 2009 година, индустријата за криптовалути постепено беше создадена пред отприлика десет години. Иако сигурно има повеќе работи што се случиле во таа временска рамка и кои вреди да се споменат, исто така вреди да се замислува и шпекулира за тоа што би можело да се случи во следните десет години.

Одговорите, како и за милион други работи, ги има популарниот четбот ChatGPT базиран на вештачка интелигенција, којшто пружи некои уверливи сценарија за тоа што би можело да се случи во крипто светот следнава деценија.

1. Поголемо мејнстрим прифаќање

Прво, ChatGPT претстави „поголемо мејнстрим прифаќање“. Тој предвидува дека биткоин и алткоините ќе станат значаен дел од глобалната финансиска мрежа и ќе се користат за трансакции.

Секако дека видовме развој на тој фронт во последните неколку години. Двата гиганти во оваа област, Visa и Mastercard, потпишаа повеќе партнерства со крипто и блокчејн компании за да им овозможат на нивните милиони трговци да прифаќаат плаќања со криптовалути преку кредитни и дебитни картички.

И покрај минатогодишните застои во индустријата, шефот на крипто одделот на Visa неодамна ги удвои позитивните ставови на неговата компанија за ова прашање бидејќи верува дека одредени дигитални средства „имаат потенцијал да играат важна улога во екосистемот за плаќања“.

Од друга страна, Mastercard неодамна воведе специфична програма чија цел е да им помогне на банките да започнат платформи за тргување со криптовалути.

2. Напредни регулаторни рамки

Како што ќе се зголемува прифаќањето, четботот предвидува дека глобалните регулатори ќе сакаат подобро да го следат развојот на индустријата. Тоа е жешка тема во последните неколку години, особено по големите „неуспеси“ минатата година како колапсот на terra, FTX и последователните банкротства.

САД беа во преден план, иако не во многу позитивно светло. И покрај тоа што се дом на некои од најголемите крипто компании, локалните регулатори не успеаја да воспостават соодветни правила.

Во исто време, Комисијата за хартии од вредност на САД покрена постапка против неколку компании, тврдејќи дека тие нудат нерегистрирани хартии од вредност без детали и јасност за тоа кои дигитални средства се навистина хартии од вредност. Регулаторот е вклучен и во правни битки против неколку крипто гиганти, вклучувајќи ги и Ripple и Grayscale.

Спротивно на тоа, Сингапур, Хонг Конг, како и Европската унија преземаат конкретни чекори кон регулирање на индустријата. ЕУ неодамна ја одобри сеопфатната законска рамка MiCA, која се очекува да стапи на сила во 2024 година за стејблкоини и 2025 година за размена и други учесници во индустријата.

3. Зголемени институционални инвестиции

Институционалните инвеститори се присутни во крипто просторот веќе неколку години. Од една страна, голем број истакнати инвеститори, како што се Бен Милер, Стен Дракенмилер и Пол Тудор Џонс, ја изразија својата поддршка за биткоин, критикувајќи ги другите опции за инвестирање и монетарната политика на ФЕД.

Од друга страна, институционалните инвестициски играчи, како осигурителната компанија MassMutual, One River Asset Manager, па дури и BlackRock (најголемиот фонд за менаџирање на средства во светот), инвестираа во крипто секторот.

Тоа дури ги наведе некогаш сомничавите  банки како JPMorgan да предвидат дека другите институции би можеле да го следат примерот во одреден момент. Сепак, сето тоа се промени минатата година по падот што започна со terra и продолжи со FTX.

ChatGPT, сепак, верува дека има добри шанси плимата повторно да се сврти, особено ако претходните две предвидувања се остварат.

4 и 5. Интеракција на финансиски услуги и усвојување на блокчејн

Овие две предвидувања се многу слични со оглед на нивната природа и сличност со првата ставка на оваа листа. ChatGPT тврди дека покрај употребата на кредитни и дебитни картички, криптовалутите, како и блокчејн технологијата, можат успешно да се интегрираат во други делови на финансискиот систем. Ова вклучува подмирување на големи трансакции во поголем обем на блокчејн мрежи, но исто така вклучува и полиси за осигурување и зделки за недвижности со помош на оваа технологија.

Сепак, финансиите се само една област која би можела да започне се’ повеќе и повеќе да го прифаќа блокчејнот, според четботот за вештачка интелигенција. ChatGPT верува дека технологијата може да се користи во неколку други области, како што се управувањето со синџирот на снабдување, здравствената заштита, па дури и владините услуги.

6. Одржливост

Управувањето со животната средина, социјалното и корпоративното управување (ESG) беше клучен збор изминативе неколку години, кога неколку глобални агенции објавуваа чести извештаи дека ископувањето биткоин е лошо за животната средина. Неколку инвеститори, вклучително и Тесла на Илон Маск, ја отфрлија опцијата за плаќање со биткоин и извршија притисок врз копачите на биткоин да престанат да користат фосилни горива и да се свртат кон поодржливи и зелени извори на енергија.

Ова е, исто така, една од причините зошто ethereum ја заврши својата транзиција кон т.н. proof-of-stake минатата година, што му овозможи на вториот по големина блокчејн да се префрли од енергетски интензивниот proof-of-work на позелен PoS.

ChatGPT смета дека одржливоста ќе игра голема улога во индустријата во следната деценија, бидејќи грижата за животната средина продолжува да растае. Четботот предвидува дека криптовалутите кои користат зелена енергија ќе бидат повеќе префериран избор за ESG (и други) инвеститори.

7. Проширување на DeFi

Децентрализираните финансии (DeFi) се сметаат за спротивност на општиот финансиски систем под кој функционира светот денес, кој е целосно централизиран. Ова значи дека трета страна е секогаш вклучена во сите наши трансакции, понуди итн.

Иако DeFi постојат со години, нивната популарност експлодира во 2020 година. Сепак, ова масовно и брзо усвојување, исто така, откри некои од проблемите на индустријата, како што се недостатокот на приспособливост, постоењето на очигледни измами, лажни проекти, како и безбедносни прашања.

Сепак, ChatGPT верува дека DeFi ќе ги надживеат своите проблеми, ќе го подобрат корисничкото искуство и ќе станат витален дел од финансиската индустрија.

8. Нови технолошки иновации

Последно, но не и најмалку важно, четботот спомена иновации во технолошкиот сектор. На крајот на краиштата, блокчејнот на биткоин, како и многу други проекти кои се појавија во претходните 15 години, се иновации сами по себе.

Досега видовме дека блокчејн овозможува развој на бројни и различни протоколи со различни намени, како што се DeFi, NFT, oracles-и,  итн.

Во следните десет години би можеле да се појават идеи за кои сè уште не сме ни сонувале.

економија5 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки22 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас