Чавков и уште 35 други приведени за насилството во Собранието даваат исказ во Кривичен суд
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ОЈОПо големата акција на МВР за приведување на лица кои учествувале во крвавите насилства во Собранието на 27 април, со официјално соопштение излегоа и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од каде што потврдуваат дека е издадена наредба за приведување на 36 лица.

Според соопштението на Обвинителството, лицата се приведени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Од обвинителството соопштуваат дека по разгледувањето и анализата на прибраниот доказен материјал обвинителството издаде наредба за 36 лица за кои ја заврши истражната постапка за настаните случени на 27 април

Во Основниот суд Скопје 1 се уште се носат лица на распит кај судија на претходна постапка. Како што дознаваме неофицијално, еден од приведените пратеници се повикал на пратенички имунитет.

Законот за ова кривично дело предвидува затвор казна од најмалку 10 години.

Меѓу приведените се и пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Љубен Арнаудов, поранешниот директор на ФЗОМ, Саше Стефановски, актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов-Ќосето, а наводно Јохан Тарчуловски не бил досташпен за полицијата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×