Чавушоглу: Ако останат визите, до крајот на годината го суспендираме договорот со ЕУ за бегалците
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Турција ѝ се закани на Европската унија дека ќе го стопира договорот за бегалците и пред крајот на оваа година, доколку Брисел наскоро не ги исполни барањата на Анкара и не ги укине визите за турските државјани за патување во ЕУ.

„Нашето трпение е при крај“, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за швајцарскиот весник „Ное Цирхер Цајтунг“.

„Чекаме одговор од ЕУ овие денови. Доколку не стигне, ќе ја откажеме спогодбата“, вели Чавушоглу.

Турција, како што рече, реагирала на барањата на Брисел и подготвила измени на својот закон за борба против тероризмот, што ЕУ го постави како еден од критериумите за визна либерализација.

„Се придржуваме кон договорот со ЕУ и очекуваме истото да го стори и Европа. Доколку тоа не се случи, ќе ја суспендираме спогодбата со ЕУ и во таа област“, додаде тој.

На прашањето кога тоа може да се случи, Чавушоглу изјави дека Турција веќе претходно го споменувала крајот на октомври како можен рок.

„Секако нема да чекаме до крајот на годината“, рече шефот на турската дипломатија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×