Четири банки со вкупно 72 милиони евра ќе го кредитираат градењето на East Gate Mall во Скопје
Објавено на од во Компании
East Gate Mall е дел од модерниот и современ повеќенаменски комплекс Скопје East Gate, кој e распространет на преку 15 хектари земјиште и опфаќа трговски центар, резиденцијален комплекс и канцелариски парк со вкупна планирана бруто изградена површина од над 500.000 м2, со што претставува најголемиот повеќенаменски проект во недвижности во државата.
_DSC16461596102138521
Во периодот од септември до 15 ноември 2021 година во Скопје ќе биде отворен East Gate Mall, третиот по големина шопинг мол и со најголемата „Зара“ во регионот. Покрај тоа во него ќе има и други познати светски модни брендови, од кои дваесетина за прв пат ќе најдат на македонскиот пазар, а во него ќе има и околу 2.500 нови вработувања.
Договор за синдициран заем во вредност од 72 милиони евра беше потпишан денеска од страна на домашни и странски банки со цел финансирање на изградбата на трговскиот центар East Gate Mall, градежен проект зад кој стои вкупна инвестиција од 103 милиони евра на Балфин групацијата. Со синдицираниот заем обезбедени се 38,5 милиони евра од НЛБ Групацијата (20 милиони евра од НЛБ дд Љубљана и 18,5 милиони евра од НЛБ Банка АД Скопје), 18,5 милиони евра од Комерцијална банка АД Скопје, 10 милиони евра од Raiffeisen bank Албанија и 5 милиони евра од Халк банка АД Скопје. Со ова е овозможена значајна финансиска поддршка за реализација на оваа инвестиција. Банка лидер на овој синдициран заем е НЛБ Банка АД Скопје, која се јавува во улога на носител на сите активности поврзани со организација, координација и управување на целокупната финансиска конструкција.
1

Со синдицираниот заем обезбедени се 38,5 милиони евра од НЛБ Групацијата (20 милиони евра од НЛБ дд Љубљана и 18,5 милиони евра од НЛБ Банка АД Скопје), 18,5 милиони евра од Комерцијална банка АД Скопје, 10 милиони евра од Raiffeisen bank Албанија и 5 милиони евра од Халк банка АД Скопје.

Со овој синдициран заем ќе се овозможи изградба на еден од најсовремените трговски центри на Балканот. East Gate Mall е дел од модерниот и современ повеќенаменски комплекс Скопје East Gate, кој e распространет на преку 15 хектари земјиште и опфаќа трговски центар, резиденцијален комплекс и канцелариски парк со вкупна планирана бруто изградена површина од над 500.000 м2, со што претставува најголемиот повеќенаменски проект во недвижности во државата.
Според г-дин Игор Давков, генерален извршен директор на East Gate Mall, инвестицијата, за која денес се заокружи финансирањето во целост, ќе ја смени сликата за македонската малопродажна индустрија.
„Изминатите две години напорно работевме на креирање портфолио на закупци кои во целост ќе ги задоволат потребите и очекувањата на потрошувачите, не само во државата, туку и во регионот. Трговскиот центар на ретаил пазарот во Скопје ќе донесе преку 20 нови светски модни брендови на малопродажна површина од над 20,000 м2, односно на приближно 40% од вкупната површина за издавање во трговскиот центар; ќе овозможи отворање трговски единици кои по својот формат и големина одговараат на форматот и големината во кои најголемите модни брендови отвораат продавници во светските метрополи, а со тоа овозможуваат и сосема поинаков квалитет и квантитет во понудата кон крајниот потрошувач. Веќе имаме потпишано комерцијални услови и договори за закуп со над 150 трговци, па така денес, повеќе од една година пред отворањето на трговскиот центар, истиот е издаден веќе над 80%, со потврдени комерцијални услови од закупците” – изјави г-дин Игор Давков.
Комплексот претставува модерен урбанистички и архитектонски симбол на Скопјe кој како проект има за цел да воведе нови и современи стандарди на урбаното живеење и работење. Tрговскиот центар зафаќа вкупна корисна површина за закуп од околу 57.000 м2 со 250 закупци (поединечни локали под закуп). Според планираната динамика, трговскиот центар треба да биде отворен за сезоната есен/зима 2021 година.
“Со овој договор, НЛБ Банка заедно со Комерцијална банка АД Скопје, Халк Банка АД Скопје и Raiffeisen banka Албанија покажуваме дека заеднички можеме да поддржиме и реализираме големи развојни проекти и во ситуација на невидена и непозната пандемиска криза предизвикана од COVID 19 вирусот. Би сакал да изразам благодарност до останатите банки учесници за стручниот и несебичен придонес во синдицираниот заем. Огромна благодарност и за најзаслужните за овој проект, а тоа е групацијата Балфин и ЕГ Mall, кои макотрпно и со огромна храброст и посветеност работат на реализација на овој проект. Навистина сме среќни и горди што сме дел од еден ваков мултидисциплинарен проект за изградба на објект кој сам по себе ќе претставува нов симбол на градот, ќе даде нова димензија на шопинг искуството, ќе донесе нови брендови, а секако ќе придонесе и за покренување на македонската економија“, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.
Обезбедената финансиска поддршка од домашни и странски банки за изградба на East Gate Mall во услови на глобална финансиска криза, наметната од пандемијата од вирусот Covid-19 e доказ за важноста на оваа инвестиција за македонската економија и показател на стабилноста и отвореноста на банкарскиот сектор во земјава за поддршка на економско значајни проекти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×