Четири од 10 луѓе избришале најмалку еден акаунт на социјалните мрежи загрижени за приватноста
Објавено на од во Економија

Четириесет проценти од анкетираните избришале најмалку еден акаунт на социјалните мрежи во изминатата година поради загриженост за приватноста, а 62% сакале повеќе регулирање на таквите платформи, покажува истражувањето на консултантската куќа Edelman, направено на 9.000 испитаници во Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Обединетите Арапски Емирати, В.Британија и САД.

 

Социјални мрежиПаѓа довербата во социјалните медиуми

Постои сериозен недостиг на доверба во социјалните медиуми како Facebook и Twitter, а потрошувачите очекуваат брендовите коишто рекламираат на такви платформи итно да најдат решенија, покажува истражување објавено пред неколку денови, а пренесува CNBC.

Загриженоста за приватноста и циркулацијата на лажни вести придонесуваат за недовербата на луѓето кон содржината на социјалните платформи, се вели во студијата на консултантскатакуќа за односи со јавност „Edelman“, при што 70% од испитаниците очекуваат бизнисите и рекламните агенции да вршат притисок врз сајтовите на социјалните медиуми за овие да ги адресираат лажните информации и да ги отстранат навредливите содржини.

Контекстот исто така се сметал за важен за анкетираните луѓе, при што 48% велат дека е вина на брендот ако неговото рекламирање се појавува веднаш до говор на омраза или насилна содржина.

“Научивме дека постои сериозен недостиг на доверба во социјалните медиуми во сите региони во светот. Ова е искрена реакција, луѓето се исплашени, тие се навредени поради нарушувањето на нивната приватност и несигурни се за вистината поради напливот на лажни вести “, изјави претседателот и извршен директор на консултантската куќа, Ричард Еделман, за CNBC.

Протекувањето на податоците од „Cambridge Analytica“ и лажните вести што ги поткопаа претседателските избори во САД во 2016 година, а продуцирани во Русија, придонесоа за загриженоста на луѓето. Во април Facebook рече дека ќе отстрани 270 страници и акаунти од страна на Агенцијата за истражување на интернет, руската организација која се обиде да влијае на претседателските избори во САД. Минатиот месец, Facebook и Twitter објавија построги насоки за политичко рекламирање во пресрет на среднорочните избори во САД.

„Инфлуенсери“ со лажни следбеници

Четириесет проценти од анкетираните избришале најмалку еден акаунт на социјалните мрежи во изминатата година поради загриженост за приватноста, а 62% сакале повеќе регулирање на таквите платформи.

Еделман испитувал 9.000 луѓе во Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Обединетите Арапски Емирати, В.Британија и САД за потребите на студијата што беше објавена во рамки на Cannes Lions International Festival во Франција одржан неодамна.

Ричард Еделман ги повика компаниите да бидат чесни за тоа како користат социјални медиуми, како на пример за рекламирање, велејќи дека луѓето сакаат јасна идентификација кога нешто се спонзорира, како и кога нивните податоци се собираат. Гигантот за производи за широка потрошувачка, Unilever, исто така, деновиве објави дека повеќе нема да работи со т.н. “инфлуенсери” на социјалните медиуми кои имаат лажни следбеници, во обид да помогнат во обновата на довербата во дигиталниот маркетинг.

Луѓето, исто така, очекуваат бизнисите да се грижат повеќе за големите светски проблеми, како што се расизмот, екологијата и сл. “Потрошувачите веруваат дека брендовите можат да сторат повеќе за да ги решат овие проблеми, одошто самите држави“, рече Ричард Еделман.

Студијата за социјални медиуми се базира на Годишниот барометар за доверба на Еделман, кој беше објавен на Светскиот економски форум во Давос во јануари, што укажува на тоа дека 41% од луѓето на глобално ниво имаат доверба во социјалните медиуми, со пад во повеќето западни земји во 2017 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×