Четири стопански комори и USAID денес во Битола ќе разговараат за подобра регулатива за стартапите
Објавено на од во Економија
“Законски прописи како можност за формирање на Старт ап компанија” е информативен настан кој во организација на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе се одржи денеска во Битола.
дисцусионНа настанот ќе се дискутира за законската рамка која се однесува на стартап заедницата и можности за нејзино подобрување, проширување на старт ап компаниите на домашни и странски пазари, споредба со регулативата во другите земји, предизвиците на стартапите во развојниот животен циклус и другo.
Токму поради фактот што економијата расте се побрзо и се развива преку иновативни идеи кои се најчесто реализирани преку формирање на стартапи, денеска во Битола се организира настанот – инфо сесија на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, каде ќе има гости и од тамошниот Hub кој се занимава со оваа тематика – развој на идеи и помош за стартапи.
Со помош на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе се разговара за сите тешкотии со кои се среќаваат стартапите при нивното формирање и нивниот понатамошен развој.
На настанот ќе бидат покриени следните теми: старт ап еко систем, законска рамка која се однесува на старт ап заедницата и можности за нејзино подобрување, искуства при лансирање на старт ап акцелераторот, проширување на старт ап компаниите на домашни и странски пазари, споредба со регулативата во другите земји, предизвиците на стартапите во развојниот животен циклус, а ќе биде направена и споредба помеѓу домашен и странски претприемач.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×