Четири светски банки ќе развиваат своја криптовалута
Објавено на од во hi-tech & business

И банките најавуваат дека дигиталните криптовалути би можеле да бидат иднината на парите. Четири големи банки, меѓу најголемите во светот – швајцарската UBS, германската Deutsche Bank, британската Santander и американската Bank of New York Mellon, почнуваат проект за создавање сопствена криптовалута заснована на blockchain технологијата, исто како и кај биткоинот. Според најавите оваа криптовалута би можела да влезе во употреба во 2018 година.

Основната цел ќе ѝ биде да ја зголеми ефикасноста и брзината на трансакциите, и на оној дел од паричните операции што не се видливи за јавноста. Со новата валута значајно би се зголемил протокот на пари меѓу банките, а заштедите би биле значајни.

Некои проценки, пишува Financial Times, покажуваат дека на трошоци за вакви трансфери годишно во светот одат меѓу 65 и 80 милијарди долари.

Технологијата на blockchain така би донела голема корист за банкарскиот сектор и би ослободила поголемо количество на капиталот „заробен“ во бавните трансакции меѓу банките.

Секако, пред воведувањето на криптовалутата во официјална употреба, ќе треба да се добие и одобрение од централните банки на земјите каде што би се користела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×