Четирите најголеми спортски обложувалници годишно вртат околу 150 милиони евра
Објавено на од во Економија

Македонија е вистински Елдорадо за спортските обложувалници. Остваруваат огромни приходи и профити, се шират низ целата земја и вработуваат стотици луѓе, на што можат да им позавидат и најголемите компании во земјава.

На пример, четирите најголеми спортски обложувалници во Македонија- Спорт лаиф трејд, Златна копачка, Бетсити Балкан и Бет-про бил хил, само минатата година заработиле вкупни приходи од 140 милиони евра, профит од 4,3 милиони евра, а во нив биле вработени дури 970 луѓе.
Најголемата меѓу нив, спортска обложувалница Спорт-лаиф трејд, во текот на изминатата година имала приходи од близу 71 милиони евра и профит од 3,5 милиони евра. Колку за споредба Спорт лаиф трејд лани имала за 5 милиони поголеми приходи од ланецот супермаркети Веро и поголеми приходи од многу други големи компании меѓу кои и Цементарница Усје, Пивара Скопје, Фершпед, рудникот Бучим…Во обложувалницата Спорт-лаиф трејд лани работеле 511 луѓе, што е повеќе на пример од бројот на вработени во Џонсон Мети, најголемата странска инвестиција во Македонија.
Втората најголема спортска обложувалница Златна Копачка еден има годишни приходи од 41,5 милиони евра и профит од 640 илјади евра, а во неа лани работеле 233 лица.
Трета по големина е спортската обложувалница Бетсити Балкан која лани имала приходи од 16 милиони евра, профит од 170 илјади евра и вработувала 92 лица.

Најмалата меѓу нив Бет-про вил хил лани заработила приходи од 12 милиони евра и профит од 36 илјади евра, а во неа работеле 134 лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×