Четвртина странски работници во Германија се од земјите од Западен Балкан
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Процентот на работниците од земјите од Западен Балкан во вкупната бројка на странски работници во Германија во последните три години е зголемен од девет на 25%.
balkan-ante-portasДржавите, од кои овие луѓе заминуваат, можат да помогнат во враќање на работната сила на начин што ќе ги поттикнат луѓето. Мораат да формулираат политики и стратегии да се вратат луѓето, беше порачано на вчерашната панел дискусија одржана во рамките на тридневниот Сараево бизнис-форум (СБФ) 2019 година кој завршува утре.
Јубилејната 10-та меѓународна инвестициска конференција Сараево биснис-форум (СБФ) и оваа година ги собра воечките деловни и политички лидери од регионот и од светот. Во рамките на конференцијата е одржана и панел дискусија насловена „Предизвици за регионот и југоисточна Европа”, на која се разговараше за можностите за надминување на предизвиците со кои се сретнуваат стопанствениците во регионот, односно како „одливот на мозоците, да се претвори во привлекување мозоци.”
Сараево бизнис форумот десет години по ред го организира ББИ банка во соработка со Исламската развојна банка и со други партнери, а под покровителство на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×