Чифлиганец продолжува да купува акции во Комерцијална банка, уделот на Адора се зголеми на 8,08%
Објавено на од во луѓе и компании

Foto 1-KКомерцијална банка преку соопштенија до Македонската берза информираше дека фирмата Адора Инженеринг дополнително купила акции во Банката со што нејзиниот удел се зголеми на 8,08%, односно поседува вкупно 184.214 акции во Комерцијална банка.

Адора Инженеринг, во сопственост на бизнисменот Ванчо Чифлиганец во изминатиов период на неколку пати купи поголем удел акции во вредност од околу 10 милиони евра. Со тоа Адора Инженеринг стана најголем поединечен акционер во Комерцијална банка, по што Ванчо Чифлиганец беше избран за член на Надзорниот одбор на Банката.

“Одлуката за инвестирање во хартии од вредност, конкретно, во акции издадени од нашата реномирана Комерцијална банка АД Скопје, во рамките на Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје, ја донесовме од деловни причини и со верба дека со тоа ќе го продлабочиме успешното работење на нашата компанија во иднина, но и успешното работење на Комерцијална банка, како еден од столбовите на банкарскиот систем во Македонија, со цел за подобар развој на банката, а со тоа и на нашата економија во целина”. Вака Чифлиганец, кој е сопственик и генерален директор на Адора Инженеринг, неодамна ја објасни одлуката компанијата да инвестира во акции на Комерцијална банка.

Според Чифлиганец, средствата за овие инвестиции се обезбедени исклучиво од сопствени извори, односно акциите се купени со сопствени средства и во моментов Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје, нема никакви кредитни обврски кон Комерцијална банка АД Скопје, ниту кон било која друга деловна банка.
“Со Комерцијална банка развиваме сосема поинаков вид на односи што се во функција на обостран интерес и од интерес на сите клиенти на банката, но кредити од банката не користиме. Сопствените инвестиции во Адора инженеринг, исто така, во овој момент ги обезбедуваме од сопствени средства.
Како и секој акционер во секое акционерско друштво, очекуваме пристоен и стабилен поврат на инвестираните средства, но наша цел не е само остварување финансиска добивка од инвестираните средства, туку како дел од акционерската структура на банката, да дадеме и дополнителен придонес за нејзиниот иден развој, како и за добробит на сите деловни клиенти на банката”, изјави Чифлиганец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×